„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“

Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала доволно пари, сопругот ја напуштил затоа што не можел да го поднесе стресот. „Парите требаше да ни донесат среќа, но луѓето се алчни“ – тврди жената која освои 172 милиони евра на лото.

osvoiv-172-milioni-evra-i-toa-mi-go-unishti-zhivotot-zoshto-01.jpg

Џилијан Бејфорд од Шкотска и нејзиниот тогашен сопруг Едриен биле добитници на околу 172 милиони евра на Евролотаријата во 2012-та година, но наместо да им ги решат сите проблеми, парите само им предизвикале поголеми несреќи во животот.

osvoiv-172-milioni-evra-i-toa-mi-go-unishti-zhivotot-zoshto-02_copy.jpg

Џилијан сега ја раскажува својата приказна со цел да им укаже на луѓето дека парите не се решение за сите проблеми и дека големата сума што ја стекнала преку ноќ само ѝ донела поголеми несреќи и проблеми.

osvoiv-172-milioni-evra-i-toa-mi-go-unishti-zhivotot-zoshto-03_copy.jpg

Првиот проблем настанал кога Џилијан се разделила од сопругот Едриен заради стресот што тие го трпеле како пар по огромната животна пресвртница.

osvoiv-172-milioni-evra-i-toa-mi-go-unishti-zhivotot-zoshto-04_copy.jpg

По ова, целосно бил нарушен односот со нејзините родители.

Таа тврди дека на родителите им дала солидна сума од околу 20 милиони евра, но тоа не било доволно. Таа појаснува дека дала околу 815.000 евра за да ги отплати долговите на татко ѝ и финансирала неколку пропаднати бизниси на нејзиниот брат.

osvoiv-172-milioni-evra-i-toa-mi-go-unishti-zhivotot-zoshto-06_copy.jpg

Им купила пентхаус на родителите во источна Шкотска за да не живеат во сиромаштија и му позајмувала пари на братот за да започне бизниси, но очигледно тоа не било доволно.

Брат ѝ денес има куќа вредна стотици илјади евра и вози луксузни автомобили, но не сака ниту да ѝ се јави на сестрата што му помогнала, па дури не сакал ниту да ја покани на свадба.

osvoiv-172-milioni-evra-i-toa-mi-go-unishti-zhivotot-zoshto-07_copy.jpg

Од друга страна, татко ѝ на Џилијан во еден миг се обидел по судски пат да ѝ ги одземе парите, па дури и да земе и дел од нејзиниот приватен бизнис.

„Навистина е вознемирувачки и сурово. Парите требаше да нè направат среќни, но луѓето само бараат нешто и станаа алчни.

Заради нив никој не ме почитува во селото, па дури добивам закани и дека ќе ми го запалат домот“ – вели таа во една изјава.

Мајка ѝ, пак, тврди дека Џилијан самата е виновна заради нивните нарушени односи и дека иако им дала солидна сума на пари, сепак не биле 20 милиони евра.

osvoiv-172-milioni-evra-i-toa-mi-go-unishti-zhivotot-zoshto-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg