„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“

„Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи, крвни тестови… Пиев лекови, хормони и правев многу работи“, раскажува жена која била сурогат мајка на неколку познати личности. Таа вели дека е благослов да роди дете за жена која не може, но истакнува дека има и многу предизвици.

bev-surogat-majka-na-nekolku-poznati-zheni-ima-mnogu-predizvici-koi-se-krijat-od-javnosta-01.jpg

Парис Хилтон, Сара Џесика Паркер, Никол Кидман, Пријанка Чопра се само дел од познатите дами кои јавно говореа за сурогат мајките благодарение на кои имаат едно или повеќе деца.

Но, кои се предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваат сурогат мајките и луѓето кои добиваат деца со нивна помош? Одговорот на ова прашање го има Шана Сент Клер, која неколкупати се нашла во улога на сурогат мајка.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-02.jpg

За жал, таа сведочи дека не секогаш се завршува со среќен крај како што обично се претставува во јавноста.

46-годишната Шана Сет Клер родила деца на неколку познати дами на кои не им го открива името, а отворено зборува како е да се биде сурогат мајка на јавни личности.

Таа е фризерка по професија, а живее на фарма во Пенсилванија, каде што чува кози и кокошки. Во интервју за Daily Mail, таа ги откри работите за сурогат мајчинството кои познатите не ги споделуваат во јавност.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-03_.jpg.jpg

„Сурогат мајчинството може да донесе голема радост - неверојатно е чувството кога знаете дека сте оствариле нечиј сон и таа личност го добива детето што го сакала.

Но, имате две жени, кои можеби никогаш порано не се познавале и веројатно потекнуваат од сосема различни социјални и финансиски средини, кои се здружуваат во овој неверојатно интимен процес за да создадат бебе.

Постои можност нешто да тргне наопаку. Сурогат мајчинството не е нешто во кое треба случајно да влезете и важно е и двете страни да знаат точно што подразбира ангажманот“, истакнува таа.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-04_.jpg.jpg

Шана за Daily Mail открива како всушност се решила на ваков чекор. Таа е мајка на три деца - со нејзиниот сопруг Џосеф имаат два сина и една ќерка. Она што на неа ѝ се случило ја натерало да им помогне на останатите жени кои се борат за потомство.

Имено, нејзиното прво бебе се родило мртво, па Шана многу добро ја разбира тагата и копнежот по дете.

Нејзиниот живот сосема се променил кога прочитала статија во едно женско списание за борбата на жените за потомство и веднаш сакала да помогне.

Па, Шана контактирала агенција за сурогат мајчинство.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-05_.jpg.jpg

„Не го направив тоа затоа што не можев да ги платам сметките - бевме во добра финансиска состојба. На сурогат мајчинството гледам како на подарок што можам да ѝ го дадам на друга жена“, истакнува таа.

Вели дека агенцијата ја завршила својата работа мошне темелно.

„Морав да пополнам еден куп формулари. Морав да поминам психолошка евалуација. Морав да имам одобрение од општ лекар и гинеколог. Морав да направам ултразвучен преглед, крвни тестови... многу работи“.

Нејзиниот профил потоа бил доставен до потенцијалните родители.

„Сурогатот има физички и психички данок - земаш лекови, земаш хормони, одиш на ултразвук за да ја провериш слузницата на матката, правиш многу работи“.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-06_.jpg.jpg

„Јас бев таа што требаше да ги носи ембрионите и да ги чува, па кога ќе имаше неуспешен обид, се чувствував како да не си ја вршам добро работата, иако тоа беше ирационално“.

За три години, Шана добила 50.000 долари како сурогат мајка.

Шана го откри и најлошото искуство со жена од јавниот свет, која во интервјуто ја нарекува Кетрин за да го заштити нејзниот вистински идентитет.

„Ми се допадна нејзината приказна за нејзините рани 40-ти и за тоа дека се обидува да добие бебе со свои јајце клетки и сперма од донот. Таа со години се обидувала и барала сурогат, но безуспешно.

Таа на крајот од разговорот истакна дека бидејќи веќе ги поминав сите психолошки проценки и медицински тестови, нема потреба повторно да поминувам низ тоа. Сè што ми требаше беше потписот на мојот гинеколог“, раскажува Шана.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-07_.jpg.jpg

„По добро искуство со првата мајка, не го предвидував следниот проблем. Кетрин и јас требаше да разговараме за многу работи", додава таа.

Шана и Кетрин потпишале договори за три обиди за бременост.

Како што открива во разговорот, таа ја запознала Кетрин при трансферот на првиот ембрион во елитна клиника во Њујорк.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-08_.jpg.jpg

„Наивно очекував дека веднаш ќе имаме одличен однос поради заедничкото дете, а не беше така. Таа беше непопустлива и ме омаловажуваше - имавме многу површен разговор за важна работа што требаше да се случи.

Таа веќе имаше неуспешна бременост и помислив дека можеби се обидува да се заштити од ново разочарување“, вели Шана.

Првите два обида биле неуспешни, но по третиот обид Шана успеала да забремени. И покрај тоа што била пресреќна, не знаела дека Кетрин ќе ѝ го претвори животот во пекол.

Шана била на почетокот на бременоста кога од неа добила шокантна вест. Кетрин ја повикала за да ѝ каже дека штотуку добила син од друга сурогат мајка.

„Таа рече дека сака да ме извести за тоа пред да прочитам во медиумите“.

Шана и Кетрин никогаш повеќе не се слушнале, а таа имала и спонтан абортус и го изгубила бебето.

na-nekolku-poznati-dami-im-rodi-deca-ja-otkri-vistinata-za-surogat-majkite-09_.jpg.jpg

На Шана ѝ биле платени 11.000 долари плус трошоци. Според договорот, таа требало да добие 45.000 долари за едно бебе, 55.000 долари ако се родат близнаци и 60.000 долари за тројка или повеќе.

Шана вели дека сурогат мајките треба да бидат искрени за тоа што им се случува.

„Се чувствувам тажно за жените кои носат бебиња, а потоа ги даваат на некој друг, без воопшто да ги признаат искушенијата низ кои минуваат.

Имав две добри искуства и едно лошо и не се каам за тоа. Сурогат мајките се херои“, завршува Шана.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg