Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео)
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2024
„Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и слично? Сега не можеме да видиме како костимот за капење ги покрива женските делови од телото“, гласи еден од коментарите на реклама споделена на Инстаграм што предизвика дебата.
Иако не е ништо ново мажи да носат женска облека, вклучувајќи и славни, како Хари Стајлс, реклама за женски костим за капење ја разгневи јавноста токму бидејќи во неа се појавува маж.
Брендот Moana Bikini на 19-ти јануари сподели рекламно видео на Инстаграм за нов модел костим за капење.
Но, женскиот костим за капење во видеото го носи млад маж.
Брендот е познат по тоа што промовира бикини и костими за капење користејќи секакви модели – и слабички, и девојки со облини.
Сепак, многумина, од кои повеќето жени, сметаат дека претерале, најмногу бидејќи рекламата е наменета за жени.
Некои коментираат и дека со ова, на некој начин, им се одзема моќта на жените дури и за „женски“ работи.
Дел од критиките на видеото:
„Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и слично? Сега не можеме да видиме како костимот за капење ги покрива женските делови од телото“.
„Дали ова е маж? Мислев дека сте бренд што поддржува жени. Се чини дека мажите пробуваат да преземат сè што им е свето на жените. Нашето безбедно место, нашиот идентитет и сега нашата облека. Можете да поддржувате што сакате, но не се согласувам дека маж треба да им рекламира женски костим за капење на жени“.
„Зошто би сакале маж да рекламира бикини за жени?“
„Ова е ужасен маркетинг. Моделот изгледа прекрасно, но ова не е во ред“.
„Жал ми е, но со ова не им давате глас на жените. Со ова им давате надмоќ на мажите“.
Од друга страна, помал број корисници се на страната на брендот:
„Коментарите се чудни… Костимите за капење се за сите кои сакаат да ги носат. Зошто толку многу ви пречи некој во костим за капење?“
„Зошто сте толку разочарани од личност која носи бикини?“
„Моделот не пробува да ни одземе нешто на нас жените само затоа што изгледа добро во костим за капење. Сигурна сум дека овие костими се направени за секого“.
Погледнете ја рекламата:
Спирова С. | Црнобело