Вирално видео: Змија ги исплаши патниците во авион во Тајланд, стјуард едвај успеа да ја фати
- Детали
- четврток, 18 јануари 2024
Вистинска драма се случувала на летот од Бангкок до островот Пукет во Тајланд, кога во авионот на Air Asia се појавила змија која слободно шетала врз преградите за рачен багаж.
На Твитер се споделува видео од змија која ги исплаши патниците на лет на компанијата Air Asia.
Видеото го снимил еден од патниците и тоа за кратко време стана вирално.
На снимката може да се виде дека додека патниците прават мешаница во паника, еден од стјуардите на летот се обидува да ја фати змијата и да ја „натера“ да влезе во пластично шише.
Откако тоа не му успева, тој ја фаќа змијата во ќеса.
Авионот слетал безбедно и без инцидент, а брзо по немилиот настан од компанијата излегле со соопштение во кое се вели дека нивните стјуарди се обучени и за вакви ситуации.
Не е првпат змија да се појави во еден од летовите на Air Asia. Во февруари 2022 патниците забележале питон, по што авионот морал принудно да слета.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело