Медицинска сестра дала отказ за да биде домаќинка – станува во 5 за да чисти и готви за децата
- Детали
- недела, 26 јули 2020
Се откажала од својата работа и сега е домаќинка со 24/7 работно време – станува во 5 наутро, прави оброци за трите деца, пазари, чисти и им стои на располагање во секое време.
Викторија Брант е самохрана мајка која живее во мало село во Шведска, се развела во 2002, а децата ги става на прво место.
Таа неколкупати ја менувала кариерата, од работа во продажба преминала во помошник медицинска сестра, но прегорела од работата и сакала да живее живот како нејзините баби, па во 2015-та дала отказ и се претворила во домаќинка со полно работно време дома.
„Моите баби беа топли жени кои се грижеа многу за семејствата и домо. Ми даваа да седам со нив во кујна и градина како дете, па од таму научив многу за домаќинсктвото. Од таму ми е желбата за традиционален живот.“
Вели дека се соочува со многу критики од луѓето кои мислат дека имаат право да ја осудат, но смета дека секој има право да направи личен избор.
„Домаќинките како мене заслужуваат почит за своите животни одлуки, независно која е причината поради која сме решиле да останеме дома.“ – вели Викторија.
Сега како домаќинка, вели дека семејството ѝ помага со домашни обврски како миење садови или шетањена кучето, но практично таа е задолжена за сите други обврски.
Како изгледа еден нејзин ден:
„Се будам рано, помеѓу 5 и 7 часот наутро. Денот го почнувам со местење на креветот, а потоа си ставам кафе. Се подготвувам, секогаш сум облечена во фустан или здолниште со блуза.
Имам прекрасна фотелја во спална, каде седам и читам по малку. Потоа пуштам машина за перење, ги тресам теписите надвор, го чистам подот и ја бришам работната маса во кујна.
По чистењето подготвувам појадок, пеглам облека, одам да испазарам намирници и го подготвувам ручекот или печам нешто.
Се одмарам кога сум изморена, но исто така сум 24 часа достапна, посебно ако некое дете не се чувствува добро.
Мојот стандард за добар живот не е совршеност, туку смиреност и спокој. Не сакам да живеам во хаосот на растурена соба. Сакам домот да ми биде безбедно место и бегство од надворешниот свет.“
М. М. | Црнобело