„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“

Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на домаќинка, готвејќи и чистејќи, додека дечко ѝ се грижи за финансиите – сега открива дека реалноста била сосема поинаква.

dechko-mi-me-zamoli-da-prestanam-da-rabotam-bev-devojka-domkjinka-pa-me-ostavi-01.jpg

Кендал Кеј (23) од Калифорнија е модел и инфлуенсерка со повеќе од 409.000 следбеници, која предизвика лавина од реакции, кога во јули 2023 објави видео како готви во кујна и во описот напиша:

„Се одлучуваш за лесен живот и дозволуваш мажот да се грижи за финансиите за да можеш да уживаш во твојата женствена енергија и да поминеш цел ден во кујната“.

dechko-mi-me-zamoli-da-prestanam-da-rabotam-bev-devojka-domkjinka-pa-me-ostavi-07.jpgСкриншот од видеото

Видеото се прошири вирално, а мислењата беа поделени околу нејзиниот став.

Кендал уште во 2021 година кога го запознала својот партнер на одмор во Мексико, одлучила да се пресели илјадници километри далеку од дома, да ја напушти својата кариера на модел и да биде девојка – домаќинка во неговиот дом во Порторико, односно да не работи ништо, да се грижи за домот, а тој да се грижи за финансиите.

dechko-mi-me-zamoli-da-prestanam-da-rabotam-bev-devojka-domkjinka-pa-me-ostavi-06.jpg

Лук Линц (25) e извршен директор на ПР компанија, а во текот на нивната врска тој ги плаќал сметките и сите трошоци околу домот, па дури и раскошните патувања на Кендал, додека таа водела идиличен живот на домаќинка, кој го презентираla така на Инстаграм, односно дека ужива готвејќи и чистејќи.

dechko-mi-me-zamoli-da-prestanam-da-rabotam-bev-devojka-domkjinka-pa-me-ostavi-05.jpg

Но, сега Кендал е сингл и по разделбата со Лук откри дека тој стил на живот ја правел многу несреќна.

Разделбата била во ноември 2023 година, по што ѝ следувала сериозна криза на идентитет, живееела од заштеда и се чувствувала многу несигурно околу тоа во која насока ќе продолжи нејзиниот живот.

dechko-mi-me-zamoli-da-prestanam-da-rabotam-bev-devojka-domkjinka-pa-me-ostavi-03.jpg

Блескавите видеа на гламурозни жени кои чистат, готват работат низ домот и се забавуваат со долги третмани за нега на кожа, изгледа не се реални, судејќи по примерот на Кендал, која долго време сервирала дека води живот од соништата.

Кендал од денешна перспектива смета дека е опасно да се зависи финансиски од партнерот.

dechko-mi-me-zamoli-da-prestanam-da-rabotam-bev-devojka-domkjinka-pa-me-ostavi-04.jpg

За периодот кога по само неколку седмици познанство одлучила да се пресели кај Лук, Кендал изјави:

„Моите родители не беа изненадени, затоа што знаат дека носам импулсивни одлуки, секако имав флексибилен распоред и сакав да бидам со него, па лесно донесов одлука за преселба. Лук од старт плаќаше за сè, од намирници до вечери во ресторани.

Во еден момент и иднината си ја замислував како мајка која седи дома со нејзиното дете и не работи.

Но, по некое време куќните обврски како да ме заробуваа и во врската со Лук почнав да чувствувам како да се грижам за дете. Се чувствував заробено и несреќно.

Изгледа и тој го почувствува тоа, па кога ја почна темата за разделба, почувствував вистинско олеснување“.

Кендал заклучува дека финансиската зависност од партнерот е најлошото што можете да си го направите на себеси.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg