Мал генијалец: Момче со аутизам на 10 години изградило реплика на Титаник со ЛЕГО коцки

Секогаш си играл сам, а ЛЕГО коцките вели дека му биле најдобриот пријател - момче со аутизам на 10 години потрошило 700 часа за да ја направи најголемата реплика на Титаник со помош на 56.000 ЛЕГО коцки.

mal-genijalec-momche-so-autizam-ja-izgradilo-najgolemata-replika-na-titanik-so-lego-kocki-01.jpg

Доказ дека во светот на децата постојат големи генијалци е Brynjar Karl Bigisson, од Исланд, кој кога имал само 10 години, успеал со ЛЕГО коцки да направи реплика на Титаник.

„ЛЕГО коцките се важен дел од мојот живот уште од кога бев мал. Заради моите слаби социјални и комуникациски вештини, секогаш си играв сам, а ЛЕГО коцките ми станаа најдобри пријатели. Додека градев со ЛЕГО ја користев и развивав имагинацијата и креативноста. Не се сеќавам дека тогаш сум бил осамен, бев презафатен со градењето.“ – вели момчето.

mal-genijalec-momche-so-autizam-ja-izgradi-najgolemata-replika-na-titanik-so-lego-kocki-02.jpg

Тој го посетил LEGOLAND во Данска за првпат на 9-годишна возраст и бил воодушевен од градбите со реална големина, а најмногу се опседнал со еден брод, кој всушност бил Титаник.

„Очигледно, немаше да можам да го изградам 7-метарскиот модел сам и морав да натерам неколку луѓе да ми помогнат. Дедо ми ми помогна со упатството и инструкциите. Мајка ми отвори страна за собирање пари за да можам да ги купам коцките. Ми понудија и простор во магацин и таму одев секој ден после училиште по 3-4 часа, 11 месеци.“

mal-genijalec-momche-so-autizam-ja-izgradi-najgolemata-replika-na-titanik-so-lego-kocki03.jpg

mal-genijalec-momche-so-autizam-ja-izgradi-najgolemata-replika-na-titanik-so-lego-kocki04.jpg

Инаку, денес тој е втора година во средно училиште, работи на траект и сонува да стане капетан.

Аутизам му бил дијагностициран на 5 години и се борел со тоа додека растел, бидејќи немал пријатели и бил лош во комуникацијата.

Сега има супер пријатели и ги развил комуникациските вештини, па нема никакви поблеми во секојдневието.

mal-genijalec-momche-so-autizam-ja-izgradi-najgolemata-replika-na-titanik-so-lego-kocki-05.jpg

Погледнете го процесот на градба на Титаник:

М. М. | Црнобело / Извор

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
На 4 години го избркале од дома, 2 години живеел со улични кучиња – Неверојатна приказна на момче од... Момчето на 4 години било избркано од дома, а било спасено од улични кучиња кои м...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg