„Бев на одмор во Грција, ме опече виолетова медуза - како ми реагираше телото?“

„Верувајте дека не ве пече само местото каде што ве опекла – целото тело се ежи, се тресе“.

me-kasna-violetova-meduza-vo-grcija-teloto-mi-se-trese-vnimavajte-na-decata-crnogorka-spodeluva-neprijatno-iskustvo-01.jpg

Периодов во Грција на многу плажи се забележани виолетови медузи. Поради ова, грчките медиуми објавија и мапа на која се прикажани плажите со најмногу вакви медузи.

Изгореницата од овие медузи може да биде многу болна, а болката може да трае и до две недели.

Иако најчесто изгорениците не се опасни, болката може да биде многу интензивна и да се појават и други симптоми како вртоглавица и повраќање.

Прочитајте повеќе: Мапа со виолетови медузи во Грција + зошто се опасни и што треба да правите ако ве опече?

Жена од Црна Гора имала лошо искуство со виолетова медуза во Грција. Со цел да ја зголеми свеста за опасноста од овие медузи, своето искуство го споделила на Фејсбук групата Live From Greece.

Нејзината објава во продолжение:

„Ме опече медуза во Дасија. Виолетова. Не е сеедно!

Првиот ден изгорев, вториот ден ме опече медуза, а сопругот ми рече да внимавам следниот ден ајкула да не ми ја изеде ногата.

Имав идеја да напишам објава за тоа како морето ја вади целата негативна енергија (со која бев полна) без разлика дали сте во Паралија, Ситонија, Крф или на кое било друго место, и без разлика дали јадете паштета или се храните во ресторани, важно е да сте на море. Дека во оваа животна лудница сте успеале себеси и на семејството да им овозможите море!

Но, ме нападна медуза. Ужасно чувство. Со оглед на тоа дека пораснав на море, можам да кажам дека оваа е навистина проблематична. Лекарот ми рече дека и за нив е непозната.

Верувајте ми дека не пече само местото каде што ве каснала, целото тело се ежи, се тресе. Ова е навистина ужасно чувство. Внимавајте на децата“.

Сепак, ова не значи дека кај секого има иста реакција.

me-kasna-violetova-meduza-vo-grcija-teloto-mi-se-trese-vnimavajte-na-decata-crnogorka-spodeluva-neprijatno-iskustvo-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“ „Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без ко...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg