„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција?

Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки остров Сими, на само 100-тина метри од ресторан. Многумина се прашуваат зошто потрагата по телото траела дури 4 дена, кога во неа учествувале над 100 луѓе, а биле користени и дронови, хеликоптери и кучиња трагачи.

za-malku-mozhel-da-se-spasi-shto-znaeme-za-tragichnata-smrt-na-britanskiot-doktor-vo-grcija-01.jpg

Деновиве во британските, но и локалните медиуми, топ тема е трагичната смрт на Мајкл Мозли – британски доктор најпознат по едукативните програми на BBC, но и книгите со кои промовира здрав начин на исхрана.

Докторот беше прогласен за исчезнат на 5-ти јуни, на грчкиот остров Сими, а по четиридневна потрага, беше пронајдено неговото мртвo тело.

Најверојатно смртта е несреќен случај, но неговите последни мигови сè уште се обвиени со мистерија.

za-malku-mozhel-da-se-spasi-shto-znaeme-za-tragichnata-smrt-na-britanskiot-doktor-vo-grcija-02.jpg

Што знаеме досега за трагичната смрт на познатиот доктор и водител?

Телото на 67-годишниот Мајкл Мозли било пронајдено во карпест предел, само 100-тина метри од ресторан.

Се претпоставува дека додека се движел во областа, можеби свртел во погрешна насока и се изгубил, па скоро два часа лутал додека надвор температурата била 37 степени.

Докторот бил забележан во гратчето Педи нешто пред 14 часот. Потоа, бил забележан уште еднаш на снимка од безбедносни камери околу 15:45 часот.

Но, што се случувало помеѓу двете видувања засега не е познато.

Според The Sun, за да се изоди патеката покрај која е најден докторот биле потребни најмногу 40 минути.

Но, тој лутал најмалку 1 час и 45 минути.

za-malku-mozhel-da-se-spasi-shto-znaeme-za-tragichnata-smrt-na-britanskiot-doktor-vo-grcija-13.jpgМестото каде што е најдено телото на докторот - само 100-тина метри од ресторан

За трагедијата, се огласи и сопругата на докторот:

„Тажна сум што го изгубив Мајкл, мојот прекрасен сопруг. Имавме многу среќен живот заедно. Многу се сакавме.

Горда сум на нашите деца, нивната издржливост и поддршката што ја добивам од нив изминативе неколку денови…

Се тешиме со фактот дека Мајкл за малку ќе ја избегнел смртта. Се искачил на карпата, но тргнал по погрешен пат и колабирал на место каде што тимот за спасување не би можел да го најде лесно.

Мајкл беше авантурист, тоа е едно од нештата што го правеа посебен. Благодарни сме им на луѓето од островот Сими кои напорно работеа да го најдат.

Дел од овие луѓе никогаш немаа слушнато за него, но го бараа од утро до мрак, без да го побараме тоа од нив“.

za-malku-mozhel-da-se-spasi-shto-znaeme-za-tragichnata-smrt-na-britanskiot-doktor-vo-grcija-05.jpg

Мајкл и сопругата пристигнале на островот минатиот вторник (04.06). Следниот ден, во 13:30 часот Мајкл излегол од куќата во којашто престојувале, но го оставил телефонот во собата.

20-тина минути подоцна бил забележан во гратчето Педи каде што се движел со чадор за сонце.

Се верува дека оттаму почнал да се движи кон планинарска патека до која се стигнува само пеш или со чамец.

Веќе во 19:30 часот, докторот бил прогласен за исчезнат, а следното утро почнала потрага во која се вклучиле 100-тина луѓе.

Во потрагата учествувале професионални спасувачи со дронови, како и локалци, но четири дена немало ни трага од докторот.

za-malku-mozhel-da-se-spasi-shto-znaeme-za-tragichnata-smrt-na-britanskiot-doktor-vo-grcija-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg