„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција?
Дури вчера (10.06) градоначалникот на островот, во друштво на медиумски работници, забележал нешто чудно во карпите додека се враќал со чамец кон гратчето Педи.
Веднаш го контактирал ресторанот во близина, по што еден од вработените излегол да провери.
И, го нашол телото на докторот.
Мажот што го нашол телото на докторот
Другите вработени повикале полиција, додека туристите во ресторанот биле тргнати од местото.
Неговото тело било настрана од обележаната патека, а наводно имал и скршена нога.
Не е познато дали скокнал или се сопнал.
Постои верување дека докторот можеби сакал да се симне до морето за да се разлади кога паднал. Постои и теорија дека поради високите температури, изгубил свест и паднал.
Според грчките власти, неговата смрт е несреќен случај.
Сепак, јавноста се прашува зошто на спасувачката екипа ѝ требале четири дена да го најде неговото тело, кога во потрагата биле вклучени и дронови и хеликоптери.
Од Атина биле донесени и кучиња трагачи.
„Сите од полициската служба, од секој оддел го бараа на овој мал остров. Апсурдно е што не го најдовме и ќе се поставуваат многу прашања.
Требало многу порано да ги проверат безбедносните камери“, изјавил извор на полицијата за The Sun.
За семејството на докторот, најтажно е што тој бил на само 100-тина метри од ресторан каде што можел да добие помош доколку се чувствувал лошо од високите температури и со тоа да се спаси.
Спирова С. | Црнобело