Нели Фуртадо со искрени фотки како ѝ изгледа телото - ги сокри само „пајаковите вени“ со спреј

„Понекогаш за на црвениот тепих, мојот шминкер користи траки за лице за да ми ги подигне очите, кожата... Понекогаш мојот стилист користи траки за тело за да постигне одреден изглед на силуетата, плус ми го контурира телото“, искрено вели Нели Фуртадо (46).

neli-furtado-so-iskreni-fotki-kako-i-izgleda-teloto-gi-sokri-samo-pajakovite-veni-so-sprej-01_copy.jpg

Канадската пејачка Нели Фуртадо (46) на почетокот од 2025-та позираше во портокалови бикини и испрати моќна порака за начинот на кој треба да го сакаме и прифатиме нашето тело такво какво што е.

neli-furtado-so-iskreni-fotki-kako-i-izgleda-teloto-gi-sokri-samo-pajakovite-veni-so-sprej-08.jpgНели Фуртадо сега

Со своите 1.5 милиони следбеници таа ја сподели реалната слика за нејзиното тело, освен што не ги покажа, како што вели самата, „пајаковите вени“, наследени од мајка ѝ, која на фотографиите ги сокрила со спреј.

Таа открива дека совршениот изглед на ѕвездите на црвениот тепих и на фотосесиите се должи на шминка и разни трикови за разубавување.

neli-furtado-so-iskreni-fotki-kako-i-izgleda-teloto-gi-sokri-samo-pajakovite-veni-so-sprej-10.jpgНели Фуртадо некогаш

neli-furtado-so-iskreni-fotki-kako-i-izgleda-teloto-gi-sokri-samo-pajakovite-veni-so-sprej-04.jpgНели Фуртадо некогаш

Нејзината објава гласи:

„Имајте 'телесно неутрална' 2025, но најважно од сè сакајте го секое делче од своето срце. Ви благодарам за спомените годинава.

Оваа година станав свесна за естетскиот притисок во мојата работа на сосема нов начин, додека истовремено доживеав нови нивоа на самодоверба и вистинска љубов кон себе одвнатре.

Морав да преземам правни чекори против неколку „шарлатански“ онлајн сервиси за продажба, кои продаваа услуги врз основа на продавање митови за здравје и убавина, базирани на мене.

За тие што им е важно: никогаш немам направено никакви операции на лице или тело, ниту пак зголемувања, освен фасети на горните заби, и тоа неодамна.

Досега немам ставано инјекции или филери на лицето или усните, но имам еден прекрасен традиционален козметичар од кој купувам серуми и креми, и започнав со тоа кога имав 20 години.

Ден пред фотосесии или црвен тепих, пијам многу вода и спијам на грб.

neli-furtado-so-iskreni-fotki-kako-i-izgleda-teloto-gi-sokri-samo-pajakovite-veni-so-sprej-07.jpg

Понекогаш на црвениот тепих или на фотосесиите, мојот шминкер користи траки за лице за да ми ги подигне очите, кожата, плус тука е шминката.

Понекогаш мојот стилист користи траки за тело за да постигне одреден изглед на силуетата.

Телесната шминка понекогаш исто така вклучува контурирање за да се постигне одреден ефект.

Шминката може да направи магични работи! Исто така, одлични веѓи! Одличен фризер! И дури и одлична долна облека!

На овие фотографии немам шминка и нема никакво уредување или филтри, но имам спреј за тен.

neli-furtado-so-iskreni-fotki-kako-i-izgleda-teloto-gi-sokri-samo-pajakovite-veni-so-sprej-03.jpg

Имам пајакови вени, кои ме потсетуваат на мајка ми, тетките и животот, па мислам дека токму затоа сè уште не сум се ослободила од нив.

Мојата порака за Новата година 2025 е: Изразувајте се слободно, славете ја вашата индивидуалност и знајте дека е сосема во ред да бидете задоволни со тоа што го гледате во огледалото, но исто така е во ред да посакувате нешто различно.

Сите ние сме симпатични мали луѓе кои шетаат по земјата барајќи гушкања.

neli-furtado-so-iskreni-fotki-kako-i-izgleda-teloto-gi-sokri-samo-pajakovite-veni-so-sprej-06.jpg

П. С. Овој пост не е наменет за омраза кон никого, едноставно сакам да се придружам на заедницата што раскажува приказни, и оваа приказна е МОЈА“.

Повеќе фотографии од Нели на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Дечко ми ме викна и потоа го однесе бран - телото го најдоа по неколку месеци“: Петра Немцова се по... „Сè се случи во секунда. Погледнав низ прозорецот и во следниот момент огромен б...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
TEMU повлече од продажба детски дуксери опасни по живот: „Се топат на телото при допир со топлина“ „Дуксерот е изработен од толку многу пластика, што буквално се стопи врз телото ...
Жена ги покажа негативните страни на брзото слабеење со Оземпик - Испуштена кожа, испиено лице, спле... Што се случува со телото, кога наместо со вежбање и здрава исхрана ќе се обидете...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Како изгледа животот на највисоката жена во светот – мора да користи количка, ја исмејувале поради в... Највисоката жена во светот има 27 години и живее во Турција. Нејзината висина се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg