Спектакуларна забава со Еминем, Снуп Дог и 50 Сент - Настапот на хип-хоп ѕвездите на Super Bowl 2022 буди носталгија (видео)
- Детали
- понеделник, 14 февруари 2022
На полувремето на Super Bowl 2022 настапуваа некои од најголемите хип-хоп ѕвезди од раните 2000-тити чија музика ги обележа тинејџерските години на милениумците, а спектакуларното шоу ќе ве врати во средношколските денови на некоја луда забава со рапување и мрдање со глава.
Полувремето на овогодишното издание на Super Bowl во САД ја разбуди носталгијата кај милениумците. На сцената се појавија најголемите хип-хоп ѕвезди од крајот на 90-тите и раните 2000-ти, како Еминем и Снуп Дог, кои изведоа дел од нивните најголеми хитови од тој период.
Ова е првпат во историјата главната точка на полувремето да ја сочинуваат само хип-хоп артисти. Истовремено, ова е првпат по 2012 година на полувремето да настапуваат пет музичари – Кендрик Ламар, Др. Дре, Мери Џеј Блајџ, Еминем и Снуп Дог.
На големо изненадување на фановите, на сцената се појави и 50 Сент кој не беше најавен во програмата.
Шоуто започна со Др. Дре и Снуп Дог со песна од 1999 година. 50 Сент, пак, ја изведе In Da Club – еден од најголемите хитови од 2003 година.
Мери Џеј Блајџ се појави на сцена со одличен стајлниг и отпеа два хита од 2001 година. Познатата пејачка носеше високи чизми и дводелен костим украсен со мали парчиња огледало.
Набрзо потоа на сцената застана и Еминем со ултрапопуларниот хит Lose Yourself. Познатиот рапер направи и гест со кој се верува дека покажа поддршка за активистите кои се борат против полициската бруталност и расизмот во САД.
Во јануари минатата година Др. Дре имаше сериозни проблеми со здравјето, па настапот на Super Bowl беше неговата првата изведба оттогаш. Како и останатите музичари, и тој изведе дел од најголемите хитови што ги слушавме пред речиси 20 години.
Во публиката, пак, можеа да се забележат и другите ѕвезди чија музика ги одбележа раните 2000-ти, вклучувајќи ги Џенифер Лопез, Кристина Агилера и Џеј Зи.
Милениумците, пак, веднаш го покажаа својот восхит на Твитер, изјавувајќи дека ова е најдоброто полувреме на Super Bowl досега.
„Дали ова беше најдоброто полувреме досега, или само се совпаѓа со моите интереси како постар милениумец?“
„Полувремето беше сон за секој милениумец“.
„Изгледа дека полувремето е направено со цел да ги потсети сите милениумци на средношколските денови“.
„Сите родени помеѓу 1985 и 1995 си помисливме дека е супер што нема да настапуваат музичари за старите, како Rolling Stones или Пол Мекартни, туку музичари за нас помладите. Но, 10 секунди подоцна се сетив дека сега ние сме постарите…“
„Полувремето беше како групна терапија за сите милениумци“.
Целиот настап можете да го погледнете ТУКА.
Како што напоменавме, на настанот присуствуваа некои од најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот, како Џеј Ло и Бен Афлек, принцот Хари (без Меган Маркл), Канје Вест во бизарно издание заедно со неговите деца…
Повеќе фотки од Super Bowl 2022:
Спирова С. | Црнобело