Новак и Јелена се излечија од корона вирусот, а тенисерот донираше 5 милиони динари за болницата во Нови Пазар
- Детали
- четврток, 02 јули 2020
Новак и Јелена по 10-тина дена во самоизолација добија негативен тест на корона вирусот, а тенисерот во меѓувреме донираше 5 милиони динари за болницата во Нови Пазар, каде владее вистински хаос заради корона вирусот.
По скандалот на Adria Tour, каде се рашири корона вирусот на неколку тенисери, и Новак и Јелена добија позитивни тестови.
Двајцата не чувствувале никакви симптоми на вирусот и поминале лесно, а во консултација со лекари, 10-тина дена подоцна направиле уште еден тест кој бил негативен, што укажува дека парот се излечи од вирусот.
Во меѓувреме, Ноле не остана рамнодушен на ситуацијата во Нови Пазар, каде владее вистински хаос.
На неколку места низ Србија, се создаваат повторно жаришта, а Нови Пазар е едно од нив, за што сведоци велат дека болниците се полни и пациентите лежат по земја, бидејќи нема услови.
Новак повторно ја покажа својата хуманост и донираше 5 милиони динари за болницата во Нови Пазар, каде ситуацијата е сериозна.
Вознемирувачки фотки и видеа објавени на Инстаграм:
„Луѓе ова не е Италија или Америка, ова е Нови Пазар и луѓето умираат на улици, по ходници без помош“ - гласи дел од изјавата.
https://www.instagram.com/p/CCDMhBwJ3wS/?igshid=5itty71jel3p&fbclid=IwAR0Tb0bNUC8IQMokgXI06QDUecryuyIQ_PzD3AbOPPKi_qiyrI_qYYrRGIo
М. М. | Црнобело