1 во 200 милиони: Пар од Англија добил идентична тројка, откако лекарите ги советувале да абортираат едно

Млад пар од Англија во октомври добил идентична тројка, откако лекарите прогнозирале дека децата нема да преживеат бидејќи бременоста била ризична. Сега, по три месеци, дечињата конечно се пуштени дома, навреме за Божиќ.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-01.jpg

Шенон и Ејс Пејџ од Англија го добиле најубавиот подарок за Божиќ – прослава со нивните три дечиња.

Тие добиле идентична тројка – нешто што се случува еднаш на 200 милиони случаи.

За Daily Mail, 29-годишната Пејџ открива дека лекарите ги советувале да абортираат едно дете бидејќи бременоста била ризична.

Но, Шенон и нејзиниот 28-годишен сопруг им верувале на своите инстинкти, па дури и се преселиле во Бристол за да бидат во близина на подобро опремена болница.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-03_copy.JPG

Дечињата биле родени предвремено, во 29-тата недела, на 6-ти октомври.

По три месеци во болница, семејството конечно било пуштено дома, точно за католичкиот Божиќ.

„Беше лудо. Практично живеевме во болницата и пробувавме да го преживееме секој ден.

Но, сега на момчињата им оди одлично, не се хранат преку цевка, туку ги храниме со шише.

Тоа што сме дома за Божиќ е најдобриот подарок што можевме да го посакаме. Навистина сме среќни“, вели Шенон.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-6.JPG

Шенон и Ејс се заедно од тинејџерските години, а пред една година почнале третман за асистирано оплодување.

Само неколку недели подоцна, лекарите им соопштиле дека Шенон.

Најпрво мислеле дека имаат близнаци, но на прегледот во деветата недела од бременоста, лекарите сфатиле дека Шенон носи тројка.

Но, бременоста била тешка за Шенон и по 17-тата недела, почнала дури и да се онесвестува.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-8.JPG

Набрзо Шенон била дијагностицирана со компликација која може да се јави кај жени кои носат две или повеќе деца.

Состојбата може да настане кога бебињата делат плацента, а едното добива повеќе хранливи материи од другите.

Со ова, животот на две од бебињата бил загрозен, па Шенон била советувана да го абортира едното дете.

Но, парот не можел да се помири со помислата да изгуби едно дете, па решиле да им веруваат на инстинктите.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-04.JPG

Проблемите за парот не завршиле овде – во 19-тата недела откриле дополнителни проблеми, што значело дека Шенон може да почне да се породува во секој момент.

Па, Шенон и Ејс привремено се преселиле во изнајмена куќа во Бристол, во близина на неонатална клинка.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-05.JPG

„Лекарите беа сигурни дека нема да издржиме повеќе од 21 недела. Ако беа во право, немаше да преживее ни едно дете.

Неколку лекари ни кажаа дека е подобро да абортираме едно, па и две бебиња, за да преживее барем едно.

Одлучивме да не го прифатиме советот и сега сме благодарни за нашиот избор“.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-7.JPG

За среќа, трите бебиња се родиле живи во 29-тата недела.

По раѓањето имале некои проблеми со здравјето, но конечно, пред Божиќ биле пуштени дома.

„Со сопругот не сме религиозни, но веруваме дека ова е дар од Бог.

Прво мислевме дека никогаш нема да имаме деца, а сега еве нè, со три“, вели Шенон.

1-vo-200-milioni-par-od-anglija-dobil-identichna-trojka-otkako-lekarite-gi-sovetuvale-da-abortiraat-edno-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg