„Жал ми е, сѐ беше добронамерно“ – Новак и Јелена Ѓоковиќ позитивни на корона

Организацијата на Adria Tour заврши неславно откако беше откажано финалето заради позитивниот тест на Григор Димитров, а сега и Ноле и Јелена се позитивни, за што српскиот тенисер искажува посебна жалост и вели дека ова го направиле за да им помогнат на тенисерите во регионот.

zhal-mi-e-s-beshe-dobronamerno-novak-i-jelena-gjokovikj-pozitivni-na-korona-01.jpg

По позитивниот тест на корона на Григор Димитров и Борна Чориќ, се тестираа и другите тенисери кои беа дел од Adria Tour.

Новак одби да се тестира во Задар, но веднаш по враќањето во Белград се тестирал заедно со сопругата и децата:

„Веднаш по доаѓањето во Белград отидовме да се тестираме. Мојот тест и на Јелена се позитивни, а на децата негативни. Сѐ што направивме во изминатите месец дена го правевме со чисто срце и искрени намери.

Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да овозможиме услови за играње, да остварат приходи и да го пребродат тешкиот период. Организиравме турнир во период кога вирусот ослабе.

Жал ми е за секој поединечен случај на зараза. Ги пратам изјавите на докторите и се надевам дека бројот на заразени случаи нема да се зголеми. Се надевам дека нема да се искомплицира ничија здравствена состојба. Јас ќе останам во изолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена.“ – изјави Ѓоковиќ.

https://www.instagram.com/p/CBxxGayASrg/

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми личи на Новак Ѓоковиќ – дури и нашиот син мисли дека татко му игра тенис на телевизија“ „Мојот сопруг многу личи на Новак Ѓоковиќ. Луѓето постојано го застануваат на ул...
9-годишно девојче руши рекорди: Има 25 килограми, а крева тегови со тежина од 75 килограми „Посилна од просечниот маж на денешницава. Горда на тебе“, стои во еден од позит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg