Григор Димитров играше на Adria Tour и се забавуваше во Белград со Ноле па објави дека има корона - твитерџиите бесни

Се одржуваа турнири пред голема публика без социјална дистанца, а тенисерите се забавуваа и танцуваа по клубови како никогаш да немало корона – сега финалниот меч е откажан заради позитивниот тест на Григор Димитров, а твитерџиите се бесни на Ѓоковиќ.

grigor-dimitrov-igrashe-na-adria-tour-i-se-zabavuvashe-vo-belgrad-so-nole-pa-objavi-deka-ima-korona-tviterdjiite-besni-01.jpg

Во Србија веќе неколку недели мерките се попуштени до степен што луѓето се однесуваат како никогаш да немало корона.

Се оди по клубови каде се пие и танцува со голема група луѓе, се одржа фудбалски натпревар пред полн стадион, а Ноле организираше Adria Tour.

Пред 2 недели Новак ги дочека своите колеги кои долетаа до Белград за Adria Tour, се поздравуваше и прегрнуваше со нив по долгата пауза предизвикана од пандемијата.

https://www.instagram.com/p/CBOaxK9AsnF/

Тениските мечови беа планирани да се играат на 4 места – Белград, Задар, Црна Гора и Бања Лука, а започнаа на 13 јуни.

Откако се одржаа неколку меча, бугарскиот тенисер Григор Димитров на својот профил објави дека во Монако се тестирал и резултатот е позитивен на корона вирус, а се извинува доколку во меѓувреме направил штета некому.

По оваа објава, од Adria Tour беше соопштено дека финалчниот меч во Задар нема да се одржи, но останува да видиме дали вирусот е пренесен и помеѓу другите играчи, со оглед на тоа што сите веќе имаа меѓусебна средба, играа тенис, па дури и се забавуваа во ноќни клубови.

Твитерџиите пак, се бесни поради целата ситуација, со оглед на тоа што настанот се одржуваше без посебни протоколи за безбедност, заради што позитивниот тест на Григор може да направи поголем проблем, со оглед на тоа што бил во контакт со поголем број луѓе. Голем број од тенисерите се веќе тестирани, но Новак не се појавил на тестирањето, а позитивен е и Борна Чориќ.

https://www.instagram.com/p/CBTbJ1jglbH/

Погледнете дел од нивните реакции:

https://twitter.com/Vamosgirl1/status/1274817461620215808

https://twitter.com/Olly_Paton2020/status/1274759618170847235

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Драма во семејството на Ралф Шумахер: Бившата лаже дека не знаела дека е геј, синот јавно го поддржа „Би сакала да знаев, да ме вклучеше во таа негова одлука. Тоа ќе ми беше знак де...
„Вака ли ќе изгледа кога ќе се врати?“ - Новиот (ужасен) портрет на Кејт Мидлтон е хит на социјалнит... „Одамна не сме ја виделе, заборавивме како изгледа“ – велат твитерџиите откако б...
Се дружи со познати личности, Рики Мартин му ги лајкува објавите - Кој е Диего Родригез, мажот со на... Одбил добро платена инженерска работа за да биде инфлуенсер. Со неверојатни сини...
Смешни теории на заговор на Твитер: „Дијана е мртва, Чарлс има рак, Кејт исчезна – се знае кој е вин... Британското кралско семејство поминува низ тежок период - се знае дека кралот Ча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg