Се дружи со познати личности, Рики Мартин му ги лајкува објавите - Кој е Диего Родригез, мажот со најубавите сини очи?
- Детали
- сабота, 11 мај 2024
Одбил добро платена инженерска работа за да биде инфлуенсер. Со неверојатни сини очи и мускулестото тело ги освои и жените и мажите ширум светот.
Откако социјалните мрежи зедоа замав, многу мажи и жени станаа модели без некогашните макотрпни и неизвесни кастинзи и вкусот на „жирито“ кое на некој начин одлучува за нивната судбина.
Покрај титулата манекен или модел, обично стои и „професијата“ инфлуенсер.
Многу од популарните личности изградија успешна кариера како инфлуенсери и станаа светски познати.
Еден од нив е Диего Родригез Доиг.
Згодниот 31-годишен Перуанец, кој живее во Лима, многумина го нарекуваат мажот со најубавите сини очи.
Диего ја обожава својата професија, па дури одбил и високо платена инженерска работа за да продолжи со својата страст.
Овој факт кажува многу за неговата посветеност на инфлуенсерството.
И жените, но и мажите се воодушевени од неговиот изглед.
На Инстаграм го следи дури и Рики Мартин кој ги лајкува неговите објави.
На неговиот шарм не може да одолее ниту актерката Габи Еспино, која ја гледавме во латиноамериканските серии.
Габи и Диего често го поминуваат времето заедно.
На Инстаграм има над еден милион следбеници, а многу познати брендови, како што е „Vichy“, не чекале ниту секунда за да го ангажираат како свое заштитно лице.
Овој убавец обожава да патува низ светот, често објавува фотографии од егзотичните дестинации кои ги посетил, а не му се страни ниту музичките фестивали како Коачела, кои редовно ги посетува.