„Сопругот ме изневерувал и им велел на девојките дека сум мртва - по неговата смрт дознав што ми правел зад грб“

„Лута сум затоа што никогаш нема да добијам одговори“ – вели Американката која стана топ тема во светските медиуми, откако на социјалните мрежи објави видео во кое раскажува како по смртта на сопругот ги нашла неговите онлајн преписки со други жени.

soprugot-me-izneveruval-i-im-velel-na-devojkite-deka-sum-mrtva-po-negovata-smrt-doznav-shto-mi-pravel-zad-grb-01.jpg

Американка стана вистински хит на ТикТок откако откри дека по смртта на сопругот, за кого мислела дека е посветен татко и сопруг, дознала дека тој ја изневерувал, па дури лажел и дека е мртва.

Видеото што го објави Американката која се јавува под псевдонимот cherrybombsquad007 во моментов има повеќе од 3 милиони прегледи, а нејзината приказна стана вистински хит на социјалните мрежи.

„Сѐ уште сум лута, но никогаш нема да добијам одговори“ – напиша таа до видеото.

soprugot-me-izneveruval-i-im-velel-na-devojkite-deka-sum-mrtva-po-negovata-smrt-doznav-shto-mi-pravel-zad-grb-02.jpg

Како што раскажува, откако нејзиниот сопруг починал пред 3 години, таа го отворила неговиот компјутер и нашла голем број од неговите преписки со други девојки.

Останала збунета, откако ги видела објаснувањата што тој им ги давал на другите девојки за тоа каде е неговата сопруга:

„Мојата сопруга имаше несреќа и сега е во кома, па јас сум целосно сам“;

„Ме напушти и си замина со друг маж“;

„Жена ми почина неодамна. Јас сум самохран татко“;

„Ова е вторпат да нѐ напушти мене и ќерката!“ – биле дел од пораките што тој им ги праќал на девојките.

soprugot-me-izneveruval-i-im-velel-na-devojkite-deka-sum-mrtva-po-negovata-smrt-doznav-shto-mi-pravel-zad-grb-03.jpg

Потоа таа ги отворила податоците од неговите сметки и сфатила дека нејзиниот сопруг трошел огромна сума пари на веб-сајтови за возрасни, како и за подароци за неговите девојки со кои се гледал онлајн.

 „Во моментот кога сакав да го исклучам компјутерот, една од девојките ми пиша: ‘Многу ми недостасуваш бејби, ќе се видиме на видео повик вечерва!’. Тогаш сфатив дека воопшто не сум го познавала човекот“ – вели жената.

Таа признава дека се чувствувала уште полошо затоа што тој веќе не бил тука за да му се спротивстави или да му даде документи за развод.

soprugot-me-izneveruval-i-im-velel-na-devojkite-deka-sum-mrtva-po-negovata-smrt-doznav-shto-mi-pravel-zad-grb-04.jpg

Нејзиното видео предизвика лавина реакции во коментарите, а дел од жените споделуваат дека и тие се нашле во слична ситуација.

„Ја запознав бремената девојка на мојот сопруг додека тој беше во кома. Се разбуди додека ние двете бевме покрај неговиот кревет во болница“;

„Вкупно 5 други девојки дојдоа на погребот на мојот сопруг. Не знаев дека сум дел од клуб“;

„Поминав низ истото. Тој почина, па дознав дека имал девојка, дека онлајн се гледал со други жени, комуницирал преку видеоигри. Се чувствував засрамено, со скршено срце, лута... Знам како ти е“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

@cherrybombsquad007

Part 7 im still angry but ill never get anwsers to my questions #fypシ #foryou #foryoupage #cheater #secret #fyp #why #unhappy #truth #liar #crazy #fyp #foryou #series

♬ original sound - Cherrybombsquad007🍒

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg