Драма во семејството на Ралф Шумахер: Бившата лаже дека не знаела дека е геј, синот јавно го поддржа

„Би сакала да знаев, да ме вклучеше во таа негова одлука. Тоа ќе беше знак дека и понатаму ме почитува. Кога објави дека е геј, како да ми заби нож в срце“, изјави поранешната сопруга на Ралф Шумахер - а тој за да докаже дека лаже, објави приватна преписка меѓу неа и неговиот дечко, Етјен.

drama-vo-semejstvoto-na-ralf-shumaher-bivshata-tvrdi-deka-ne-znaela-deka-e-gej-toj-objavi-poraki-vo-koi-taa-mu-chestita-na-negoviot-partner-01.jpg

Ралф Шумахер, помалиот брат на Михаел Шумахер, неодамна ја изненади јавноста кога призна дека е геј и во среќна врска со својот партнер Етјен.

„Најубавата работа е кога во животот имаш вистински партнер со кого можеш да поделиш сè“, напиша тој на Инстаграм и објави прва фотка со партнерот.

Веста, која дојде како шок за многумина, се чини ја погоди и неговата поранешна сопруга Кора, со која беше во брак 14 години, пред да се разведат во 2015-та.

Таа даде интервју за германски Der Spiegel, во кое проговори за бракот и разводот со Ралф, но и дека веста дека е геј ја затекнала неспремна.

drama-vo-semejstvoto-na-ralf-shumaher-bivshata-tvrdi-deka-ne-znaela-deka-e-gej-toj-objavi-poraki-vo-koi-taa-mu-chestita-na-negoviot-partner-03_copy.jpg

Кора изјави дека, во најмала рака, очекувала поранешниот маж да ѝ каже, пред да објави јавно, пред целиот свет.

„Би сакала да знаев, тој да ме вклучеше во таа негова одлука. Тоа ќе ми беше знак дека и понатаму ме почитува.

Кога објави, како да ми заби нож в срце. Таквото признание влијае и на најблиските, вклучувајќи ја и поранешната сопруга со која имаш дете“, изјави таа.

drama-vo-semejstvoto-na-ralf-shumaher-bivshata-tvrdi-deka-ne-znaela-deka-e-gej-toj-objavi-poraki-vo-koi-taa-mu-chestita-na-negoviot-partner-07_copy_copy.jpg

Таа во интервјуто додаде и дека се чувствува искористено после скоро деценија и пол во брак.

„Како залудно да си ги потрошив најубавите години во животот.

Се прашувам дали некогаш воопшто бил искрен со мене и дали ме сакал? Му верував слепо, а неговиот збор за мене беше како заклетва“, додава таа.

drama-vo-semejstvoto-na-ralf-shumaher-bivshata-tvrdi-deka-ne-znaela-deka-e-gej-toj-objavi-poraki-vo-koi-taa-mu-chestita-na-negoviot-partner-02_copy.jpg

Во текот на кариерата на Ралф, многупати се зборуваше дека е геј, но тој негираше, сè досега. На оваа тема разговарала со својот тогашен сопруг.

„Имаше гласини дека сака мажи и неколкупати го прашував дали е вистина, но секогаш ми велеше дека си замислувам работи и дека ми треба стручна помош“, вели Кора.

По нејзиното интервју, Ралф ја обвини дека лаже и дека таа знаела за неговата врска со Етјен.

За да докаже дека бившата жена се претставува како жртва, Шумахер на својот Инстаграм објави принтскрин од порака меѓу Кора и Етјен, од октомври 2023.

Во пораката таа му честита на Етјен за „венчавката со Ралф“ и им посакува среќа, иако Етјен ѝ вели дека прстените што ги носат не се бурми.

Единствениот кој од прв момент го поддржа јавно Ралф, е неговиот син Давид, а кој е исто како и неговиот татко, тркач.

„Среќен сум што конечно најде некој покрај кого се чувствуваш пријатно и заштитено, без разлика дали е маж или жена. Тато, во потполност стојам зад тебе, ти посакувам се најдобро и ти честитам“, напиша Давид.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg