„Маж ми личи на Новак Ѓоковиќ – дури и нашиот син мисли дека татко му игра тенис на телевизија“

„Мојот сопруг многу личи на Новак Ѓоковиќ. Луѓето постојано го застануваат на улица“, вели инфлуенсерка од Њујорк во вирално ТикТок видео. Дали вам нејзиниот сопруг ви личи на Ноле?

soprugot-lichi-na-novak-gjokovikj-koga-ima-tenis-na-televizija-sin-ni-misli-deka-go-gleda-tatko-mu-01.jpg

Луси Финк од Њујорк е инфлуенсерка која веќе има над 200.000 Инстаграм следбеници, но неодамна стана вирална и на ТикТок.

Во видео споделено на ТикТок, Луси вели дека нејзиниот сопруг личи на Новак Ѓоковиќ.

Притоа, дури и нивниот син, кога го гледал тенисерот на телевизијата, мислел дека тоа е татко му.

„Мојот сопруг многу личи на Новак Ѓоковиќ. Ако сте го виделе и ако го познавате, јасно ви е за што ви зборувам.

Луѓето постојано го застануваат и, гледајте што се случи со нашиот син“, вели Луси во видеото.

Потоа покажува инсерт од нивното мало синче кое гледа тениски натпревар со Ѓоковиќ и вели „тато“.

Кога мајка му го прашува каде е татко му, детенцето покажува кон телевизорот.

@luciebfink

Wimbledon is back so ✨ daddy ✨ is back on TV. (Video is from last year at this time!) #djokovic #wimbledon #lookalikes #novakdjokovic #novak #lol #tennis

♬ original sound - Lucie Fink

Видеото на Луси почнаа да го споделуваат и други профили, кои покажуваат и фотка од нејзиниот сопруг.

И, навистина наликува на тенисерот, а се согласуваат и корисниците на ТикТок.

Дел од нив дури и го означуваат Ноле во коментари со надеж дека ќе си го види двојникот.

„Навистина личи на него! Поздрав од Србија“.

„Мислев дека се шегуваш, но не, како негова копија е“.

„Си го избрала вистинскиот“.

„Ова треба да го види и Новак“.

Дали и вам сопругот на Луси ви наликува на Ноле?

Повеќе фотки од парот во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg