9-годишно девојче руши рекорди: Има 25 килограми, а крева тегови со тежина од 75 килограми

„Посилна од просечниот маж на денешницава. Горда на тебе“, стои во еден од позитивните охрабрувачки коментари.

9-godishno-devojche-rushi-rekordi-ima-25-kilogrami-a-kreva-tegovi-so-tezhina-od-75-kilogrami-01.jpg

Аршиа Госвами има 9 години и е по потекло од Индија, а она по што е најпрепознатлива е тоа што крева тегови со голема тежина.

Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм, Аршиа докажува дека моќните работи може да се најдат во мали пакувања.

За нејзиниот последен подвиг, кој ѝ пркоси на возраста, младото девојче реши да крене тежина од 75 килограми, а самата таа тежи 25 килограми.

Нејзиниот претходен личен максимум бил 60 килограми, што го постигнала на само 8 години, поставувајќи азиски рекорд.

Видеото ја покажува Госвами како носи појас за подигнување, додека се подготвува да крене осовина натоварена со разнобојни тегови.

Многумина од следбениците на Инстаграм покажуваат изненадување за овој херојски подвиг на ова толку младо девојче.

„Ми требаа години дури само да се обидам со оваа тежина во моите тинејџерски години. Вистинска почит“, е еден од коментарите.

„25 килограми повеќе од мојот личен рекорд. А јас имам 42 години. Ова е неверојатно импресивно“, напиша друг следбеник.

„Посилна од просечниот маж на денешницава. Горда на тебе“, стои во уште еден од позитивните охрабрувачки коментари.

9-godishno-devojche-rushi-rekordi-ima-25-kilogrami-a-kreva-tegovi-so-tezhina-od-75-kilogrami-02.jpg

Како одговор на коментарите кои го отфрлаат нејзиното достигнување, еден коментар гласи:

„Би сакал да ги видам сите момци од коментарите како креваат 3 пати повеќе од нивната тежина“.

Во 2021 година Госвами го поставила рекордот за најмладо девојче што крева тегови, со дигање тежина од околу 45 килограми.

Оттогаш, таа започнала да крева тегови, победувајќи на повеќе натпревари.

„Не знам како го прави тоа. Дали е тоа генетско или можеби има некој редок дар?“ вели гордо нејзиниот татко, Авниш Госвами.

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“ Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg