Маж добил 50 милиони долари од Starbucks бидејќи си истурил жежок чај – се стекнал со изгореници од трет степен
- Детали
- сабота, 22 март 2025
Неодамна, маж од Лос Анџелес доби тужба против Starbucks откако си нанел сериозни изгореници од чај од познатиот ланец кафетерии. Сличен случај има и од 1994-та, кога Американка доби скоро 3 милиони долари, откако сериозно се изгорела од многу жешко кафе од McDonald’s.
Маж од Лос Анџелес доби 50 милини долари во тужба против Starbucks бидејќи добил сериозни изгореници, откако на нозете му се истурил многу жежок чај од познатата кафетерија.
Мајкл Гарсија се здобил со изгореници од трет степен во областа на гениталиите и горниот дел од нозете поради жешкиот чај.
Моментот кога си го истурил чајот на нозете е снимен и од безбедносната камера на кафетеријата.
Мајкл нарачувал преку својот автомобил од Drive-through кафетерија на Starbucks и кога вработената му ги подава пијалаците, тој ги испушта врз неговиот скут.
Тој отишол во болница каде лекарите утврдиле дека има изгореници од трет степен и му биле направени неколку операции за пресадување кожа.
Инцидентот се случил уште во 2020 година и тој поднел тужба кратко потоа, а пресудата беше донесена дури неодамна.
Според адвокатот на Мајкл, повредите биле толку сериозни, што го изобличиле неговото тело.
„Мајкл се здоби со сериозни изгореници, изобличување и оштетување на нервите на неговите гениталии“.
Адвокатскиот тим на Мајкл смета дека вината лежи во Starbucks бидејќи не внимавале на безбедноста на нивните потрошувачи.
„И покрај тоа што многупати се предупредувани дека нивните (жешки) пијалаци не се соодветно прицврстени, тие одлучуваат да ја игнорираат безбедноста“.
Ако нарачате повеќе пијалаци во Starbucks, тие ги ставаат во вид послужавник, а адвокатите на Мајкл истакнуваат дека послужавникот не е доволно цврст и затоа постои опасност пијалаците да се истурат – како во случај на неговиот клиент.
Пред да почне судењето, од Starbucks му понудиле три милиони долари на Мајкл, а потоа и 30 милиони за да направат спогодба надвор од суд.
Првично, Мајкл се согласил за втората понуда, но побарал јавно извинување, како и промена во начинот на кој ги служат пијалаците.
Од Starbucks не се согласиле со овие услови, па отишле на суд каде било одлучено на Мајкл да му бидат исплатени 50 милиони долари.
Првично, од ланецот кафетерии одбивале да го споделат видеото, но кога сепак го покажале во судница, било доволно да ја убеди поротата дека вината е во нив, односно начинот на кој ги служат жешките пијалаци.
Ова не првиот сличен случај – во 1994 година, жена го тужеше McDonald’s откако се здобила со изгореници од трет степен поради нивното жешко кафе.
Повеќе детали за случајот на следната страница …
Би можело да ве интересира:





