Маж добил 50 милиони долари од Starbucks бидејќи си истурил жежок чај – се стекнал со изгореници од трет степен
Во 1992-ра, тогаш 79-годишната Стела Лајбек купила кафе од McDonald’s.
Но, кафето ѝ се истурило на скутот и бидејќи било премногу жешко, за три секунди таа се здобила со изгореници од трет степен, и тоа преку облеката.
Имала изгореници на 16% од телото, вклучувајќи на нозете и гениталиите.
Кафето било толку жешко, што кожата ѝ била изгорена целосно, до масното ткиво и мускулите.
Стела поминала осум дена во болница и ѝ требале низа третмани, вклучително и трансплантација на кожа.
Поминале цели две години пред целосно да закрепне од инцидентот.
Најпрво, Стела побарала 20.000 долари од McDonald’s за да си ги исплати медицинските трошоци.
Но, од компанијата одбиле, по што адвокатскиот тим на Стела ја советувал да ги тужи.
Според адвокатите, кафето во McDonald’s се служело на температура од 82 до 88 степени Целзиусови – многу пожешко од кој било угостителски објект – со што се зголемува ризикот од повреди.
Тие ја проверувале температурата на кафето во разни локали низ САД и утврдиле дека пијалакот што го служат другите е барем 11 степени Целзиусови постуден од оној на McDonald’s.
Докажале и дека кафето со пониска температура, може да предизвика изгореници за 20-тина секунди, што би ѝ дало време на Стела да ја соблече облеката.
Но, кафето на McDonald’s ги предизвикало изгорениците за само три секунди, што значи дел од вината мора да лежи во McDonald’s.
За време на судењето, адвокатите покажале и документи од периодот 1982-1992 кои докажувале дека McDonald’s добиле над 700 поплаки од луѓе кои се изгореле од нивното кафе.
Исто така, имале исплатено оштета од над 500.000 долари на дел од изгорените клиенти.
На крај, беше пресудено во корист на Стела и таа доби над 2,7 милиони долари (околу шест милиони кога сумата ќе се адаптира на инфлацијата).
Сепак, од McDonald’s се потрудија да ја уништат репутацијата на Стела, па во американските медиуми, па и ситком серијата Seinfeld, таа беше мета на шеги.
Иако Стела добила многу пари, нејзините адвокати истакнуваат дека целта на тужбата била McDonald’s да ја намали температурата на кафето бидејќи таа не е единствената која се стекнала со сериозни изгореници.
Во 2011 година беше снимен документарец инспириран од тужбата – Hot Coffee – кој донекаде ѝ ја спаси репутацијата на Стела.
Но, и до денес приказната неретко се банализира и се опишува како „тужба во која жена станал милионерка бидејќи си истурила кафе“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





