Дете (14) од Индија е математички гениј – напамет множи петцифрени броеви, сруши 6 рекорди одеднаш
- Детали
- вторник, 25 февруари 2025
На само 14-годишна возраст, Арјан од Индија сруши дури шест светски рекорди, вклучувајќи за најбрзо собирање 100 четирицифрени броеви и најбрзо собирање 50 петцифрени броеви.
Арјан Шукла од Индија заслужено го носи епитетот „човек калкулатор“.
Арјан има само 14 години, но веќе успеа да сруши дури шест математички рекорди, и тоа во еден ден.
Детето гениј влезе во Гинисовата книга на рекорди на крајот од минатата година, а ги сруши следниве рекорди:
- Најбрзо собирање на 100 четирицифрени броеви – 30,9 секунди
- Најбрзо собирње 200 четирицифрени броеви – 1 минута и 9,68 секунди
- Најбрзо собирање 50 петцифрени броеви – 18,71 секунди
- Најбрзо делење 20-цифрен број со 10-цифрен број (10 равенства) – 5 минути и 42 секунди
- Најбрзо множење два петцифрени броја (10 равенства) – 51,69 секунди
- Најбрзо делење два осумцифрени броја (10 равенства) – 2 минути и 35,41 секунда
Ова не е единствениот голем успех на младиот гениј – во 2022 и 2024 година тој победил на Светското првенство за пресметување напамет.
За нас, „обичните“ луѓе, е несфатливо како Арјан успева да ги направи пресметките толку брзо, а ни тој самиот не знае како да објасни:
„Не можам да кажам што точно се случува во мојата глава, ми доаѓа природно.
Главно, се случува толку брзо што немам ни време за размислување“.
Сепак, Арјан вели дека вежба секојдневно и покрај талентот, неговиот успех се должи и на ова.
Додава и дека е важно да се прави баланс во животот, односно да не го поминува целото време во учење или пресметување напамет.
„Јогата и медитацијата ми помагаат да останам смирен и фокусиран.
Исто така, сакам да патувам, а поради мојот талент имам можност да посетам многу држави!“
Родителите на Арјан го забележале неговиот талент додека бил многу мал.
„Уште како дете му одеше добро со броеви. На 6-годишна возраст почна да пресметува напамет и откако забележавме дека му оди добро, направивме мало истражување.
Веќе на 8-годишна возраст беше на меѓународен натпревар и освои медал“, открива неговата мајка.
Таа вели дека иако со татко му се горди на него, сепак инсистираат да има и слободно време за други активности.
„Арјан ужива кога работи со броеви. Но, ние како родители мораме да се осигураме дека нема да биде под многу стрес. Мора да правиме баланс“.
На прашањето дали некој друг од нивното семејство го има неговиот талент, татко му вели:
„Никој друг ја нема неговата способност. Ние сме најобично семејство, но Арјан е еден во милијарда“.
Погледнете го видеото на кое Арјан ги руши шесте светски рекорди:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





