„Оргиите и аферите со пилоти се вообичаени“ - Поранешна стјуардеса споделува непознати детали за работата
- Детали
- сабота, 12 октомври 2024
„Атмосферата брзо се вжештуваше и тоа што го видов беше премногу за мене. Се случуваше помеѓу два различни екипажи на авиони“ – поранешна стјуардеса вели дека оргиите и аферите биле чести во работата, а го откри и местото каде најчесто се случувале.
Скај Тејлор (48) е поранешна стјуардеса која работела 17 години во професијата, а во изјава за британските медиуми раскажува дека имала можност да биде сведок на афери и оргии за време на деновите кога престојувале на некое место по една или повеќе ноќи.
Скај сама вели дека била принудена да се откаже од професијата откако почнала да се соочува со инсомнија и долгите работни часови, а според неа Јужна Африка е местото каде што најчесто се случувале најлудите забави.
Таа вели дека за време на нејзиното работење била сведок на голем број афери меѓу стјуардесите и пилотите што се случувале најмногу на едно место.
„Од некои причини, Јоханесбург беше местото каде што имаше најмногу афери и сметав дека тоа е последица на виното и недостатокот на кислород.
Често имаше екипажи од различни авиони што престојуваа во хотелите и дефинитивно немаше ривалство кога стануваше збор за забавите во собите. Некои забави беа мошне интересни.
Атмосферата брзо се вжештуваше и сум се нашла во ситуација во Јоханесбург, кога тоа што го видов беше премногу за мене. Се случуваше помеѓу два различни екипажи на авиони...
Си помислив дека тоа е премногу за мене“ – вели таа, и појасни дека всушност станувало збор за оргија.
Откако се откажала од кариерата како стјуардеса, Скај работи како OnlyFans модел, но тврди дека додека работела во авион секогаш се држела до своите морални вредности.
Според неа, колешките што започнувале афери со оженети пилоти, веднаш почнувале да се менуваат и станувале надмени.
„Јас никогаш не сум била во врска, ниту пак во афера со пилот. Можеби имав среќа, но сите пилоти со кои што сум летала биле џентлмени и сѐ уште сум пријателка со голем број од нив.
Најчесто тие се грижат за екипажот и се мошне професионални. Но, како и во секоја работа, така и во оваа може да се случат непредвидени работи“ – вели таа.
„Многу често, кога некоја колешка ќе започнеше врска со пилот, таа веднаш се менуваше... Имав голем број добри пријателки коишто одеднаш почнуваа да се чувствуваат дека се поважни и дека имаат поголем авторитет само затоа што спие со пилотот, кој има семејство“ – вели таа.
Нагласува дека се случувало некои колешки да сметаат дека не треба да работат само затоа што спиеле со пилотот.
Таа признава дека се случувало да почувствува привлечност кон некој од пилотите, но не сакала да си направи проблеми така што ќе се впушти во афера со маж, којшто најчесто веќе има втор или трет брак.
Б. С. Б. | Црнобело