„Ова треба да е илегално“ - Марта Стјуарт (83) предизвика контроверзии со заводливо рекламно видео
- Детали
- четврток, 30 јануари 2025
„Внуките ќе бидат шокирани да видат дека баба им го прави ова“, e eден од коментарите на видеото од Марта Стјуарт на кое заводливо гризе јагода и јаде мед. Претерано или не?
Марта Стјуарт (83) е една од најпознатите жени во САД, но и првата Американка која самата заработила милијарда долари.
Се прослави благодарение на репутацијата на совршена домаќинка и бројните домаќински совети што ги споделуваше во емисии, видеа, книги, веб-сајтови… Генерално, и денес, на 83-годишна возраст, присутна е на сите платформи.
Но, сега со едно видео за рекламирање на козметика од брендот MAC Cosmetics, поточно за кампањата „I Only Wear MAC“, предизвика лавина негативни реакции.
На видеото таа заводливо загризува јагода, па става мед во устата.
Но, коментарите за видеото одат дотаму што некои фанови се згрозени од нејзиниот потег со оглед на возраста, па велат: „Ова треба да биде илегално“, „Внуките ќе бидат шокирани да видат дека баба им го прави ова“, „Леле Господе, што се случува тука?“...
Видеото Марта го започнува со најава: „Сочно и вкусно“.
Погледнете го видеото што предизвика лавина реакции (кликнете на него):
Прочитајте и Од совршена домаќинка, до затворска казна: Лудата животна приказна на првата милијардерка од САД
С. С. | Црнобело