Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Куба опустошена од природни катастрофи – по ураганите, земјотрес со јачина од 6,8 степени (фото+видео)

По двата урагани од крајот на октомври и почетокот на ноември, сега жителите на Куба се соочени од пустошот предизвикан од земјотрес со јачина од 6,8 степени.

kuba-opustoshena-od-prirodni-katastrofi-po-uraganite-zemjotres-so-jachina-od-6-8-stepeni-foto-video-01.jpg

По ураганот Рафаел што ја погоди Куба минатата недела, викендов островската земја се соочи и со разорен земјотрес.

Ураганот предизвика проблеми во електричната мрежа на земјата, па околу десет милини луѓе останаа без струја.

Покрај тоа, ураганот предизвика и голема материјална штета, но за среќа нема загинати.

Претходно, кон крајот на октомври, дел од Куба беше опустошен од уште еден ураган – Оскар – кој исто така предизвика проблеми со електричната мрежа.

А, дотогаш локалците веќе се соочуваа со недостаток од струја поради енергетската криза во земјата.

Иако овој ураган беше послаб, сепак загинаа шест лица.

И, додека земјата закрепнува од ураганите, во неделата (10.11) беше погодена и од земјотрес со јачина од 6,8 степени.

Земјотресот најсилно бил почувствуван во источните делови на островот, вклучувајќи го и градот Сантјаго де Куба.

Според CNN, штетата уште се утврдува, но познато е дека има уништени градби, а земјотресот предизвикал и свлекување на земјиштето во некои области. Засега не е познато дали има жртви и повредени.

Според експертите, земјотресот иако јак, не претставува закана за цунами, единствено можеби поголеми бранови во близина на епицентарот.

Фотографии и видеа од земјотресот споделени на Твитер:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откорнати покриви, милиони луѓе без струја - Застрашувачки видеа од ураганот Милтон во Флорида Петти пат годинава, САД се соочува со ураган. Милтон ја погоди Флорида која пред...
Кога си платил за одмор: Вирално видео од маж кој седи во базен среде ураган „Вака изгледа кога си платил скапо за одмор и местото е погодено од ураган!“ – с...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Брачните проблеми на Мишел и Барак Обама, среде гласините за развод (и неговата наводна афера) Мишел има изјавено дека чувствувала презир кон Барак бидејќи тој се фокусирал на...
Потресни сведоштва за ураганот Милтон во Флорида: „Кога ќе се вратам дома – се ќе биде уништено“ „Од претходниот ураган месецов, изгубив скоро сè, вклучувајќи го и мојот автомоб...
Ледениот човек Вим Хоф се соочува со тужби: „Ќерка ми умре бидејќи го проба неговиот метод - влегува... Терапијата со студена вода на Вим Хоф, познат и како Ледениот човек стана мошне ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg