Од совршена домаќинка, до затворска казна: Лудата животна приказна на првата милијардерка од САД
- Детали
- недела, 10 ноември 2024
Со имиџот на совршена домаќинка и мајка, Марта Стјуарт стана првата Американка која сама заработила милијарда долари. Но, 5-те месеци поминати во затвор ѝ ја уништија репутацијата и ѝ беше потребна цела деценија да се врати на нозе.
Марта Стјуарт е една од најпознатите жени во САД, но и првата Американка која самата заработила милијарда долари.
Се прослави благодарение на репутацијата на совршена домаќинка и бројните домаќински совети што ги споделуваше во емисии, видеа, книги, веб-сајтови… Генерално, и денес, на 83-годишна возраст, присутна е на сите платформи.
Но, зад камерите, Марта била далеку од обична домаќинка, а извесен период помина и во затвор.
Неколку детали за подемот и падот на Марта Стјуарт, но и како успеа да се врати на нозе:
Марта, која себеси се опишува како перфекционист, потекнува од сиромашно семејство.
Нејзиниот татко бил продавач, а мајка ѝ била наставничка и едвај ги покривале трошоците за Марта и петте други деца.
Тие имале мала градина, па некогаш продавале дел од зеленчукот за дополнителна заработка.
Откако татко ѝ останал без работа, Марта била присилена да почне да работи како модел и актерка во телевизиски реклами.
Но, во слободно време со задоволство се грижела за малата градина и секојпат ѝ помагала на мајка си при готвењето.
Марта успеала да се запише на факултет каде што го запознала сопругот – Ендру Стјуарт.
Се венчале во 1961-ва, а четири години подоцна ја добиле ќерката Алексис.
Марта вели дека се вљубила во храната, готвењето и разните култури додека со сопругот патувале низ светот.
Па, решила да даде отказ од тогашната работа и почнала своја кетеринг служба во 1973 година.
А, се потрудила нејзините клиенти да бидат само богати и славни личности.
Бидејќи стекнала добра репутација, добила и договор за книга со рецепти.
Откако ја издала во 1982-ра, биле продадени над половина милиони копии, а оттогаш има издадено над 100 книги за готвење.
Марта почнала да го гради имиџот на совршена домаќинка која покрај рецепти, давала совети за сезонски декорации и уредување на домот.
Се промовирала како „типична американска домаќинка и мајка“, па брзо стекнала популарност кај жените во САД.
Но, животот на Марта не бил совршен како што го претставувала.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





