Љубовната приказна на Доналд и Меланија Трамп: Помлад е една година од нејзината мајка, ја запроси со прстен од 1,5 милиони долари
Ја запросил на Мет Гала 2004, со прстен од 1,5 милиони долари.
„Беше вистинско изненадување, не очекував“, рекла Меланија подоцна.
Тие се венчаа во 2005 година во Палм Бич.
Меланија носеше венчаница од Џон Галијано, од 100.000 долари.
На свадбата имаше 500 гости, меѓу кои и претседателот Бил Клинтон со сопругата Хилари.
Во 2006 година Меланија го роди синот Барон.
Наводно, таа година Трамп имал афера со порно-актерката Сторми Даниелс, кој пробал да ја скрие и од сопругата и од јавноста.
На Даниелс ѝ платил 130.000 долари за да молчи, но за аферата се дозна во 2018-та.
По ова односите на Доналд и Меланија заладија, а таа неколкупати ја тргаше раката кога тој пробуваше да ја фати и веќе не му дозволува да ја бакнува во јавноста.
Во текот на нивниот брак често има шпекулации дека се пред развод, но Меланија и понатаму го поддржува сопругот.
Таа не беше дел од неговата претседателска кампања во првиот месец, но потоа се појавуваше јавно и оставаше впечаток на верна сопруга.
Последниот „испад“ меѓу парот се случи на денот на инаугурацијата на Доналд.
Кога тој проба да ја бакне и пред да го држи претседателскиот говор, и за време на првиот танц на претседателскиот бал, таа делува како да се трга и нивните лица само се приближуваат едно до друго, но не се бакнуваат.
Овој момент стана „меме“, а интернетот беше преплавен со коментари дека Меланија намерно избрала да носи шешир за Доналд да не успее да ја бакне.
Прочитајте и Mеланија Трамп (54) стилски издоминира на инаугурацијата на Доналд (78) – Таа е најмодната прва дама
А. Ј. | Црнобело