Mеланија Трамп (54) стилски издоминира на инаугурацијата на Доналд (78) – Таа е најмодната прва дама
- Детали
- понеделник, 20 јануари 2025
Доналд Трамп денес повторно стана претседател на САД, а Меланија прва дама... На инаугурацијата таа направи совршен моден избор и најави дека повторно ќе биде најубаво облечената прва дама во светот.
Доналд Трамп (78) беше 45-тиот, а сега и 47-иот претседател на САД. Тој денес (20.01) и официјално се врати на претседателската функција.
Покрај него на инаугурацијата беше неговата сопруга Меланија Трамп, која и овој пат модно издоминира.
Првата дама на САД, која е позната по совршените модни избори и овој пат направи моден погодок со црн моќен аутфит со шешир.
Kaпутот на Меланија е од американскиот моден дизајнер Adam Lippes.
Префинето и моќно, зарем не?
Погледнете го видеото од бакнежот во празно кој ѝ го упати Доналд (на 2:20):
Потсетете се и Фото докази дека Меланија Трамп е кралица на стилот и најубаво облечена прва дама во светот
С. С. | Црнобело