Иванка Трамп (43) беше поим за отменост на инаугурацијата на Доналд - Ќерка ѝ е мала дама, копија на неа
- Детали
- вторник, 21 јануари 2025
Иванка Трамп, облечена во смаргден Dior аутфит беше поим за префинетост, а нејзината ќерка изгледаше подеднакво стилски.
Доналд Трамп (78) беше 45-тиот, а сега и 47-иот претседател на САД. Тој вчера (20.01) и официјално се врати на претседателската функција.
Меѓу луѓето кои го поддржаа, како и секогаш, беше и неговата ќерка Иванка Трамп.
Иванка постојано говори колку е горда на истрајноста и силата на својот татко.
Таа на настанот дојде со сопругот Џаред и нивните три деца, Арабела, Теодор и Џозеф.
Арабела (13) е вистинска копија на мајка си во поглед на дамскиот изглед и отменоста.
За оваа свечена пригода Иванка направи совршен моден избор со аутфит од Dior во смарагдна боја, коса прибрана во кок и минималистички накит.
Прочитајте и Танцува со Доналд, дели насмевки: Меланија Трамп блесна на инаугурацискиот бал
Повеќе фотографии од неа:
С. С. | Црнобело