Тајните на Меланија Трамп за фит тело и беспрекорен изглед на 54 години

Завршува домашни активности со тегови на нозете, денот го започнува со смути или овошна каша, јаде здрави намирници кои помагаат за блескава кожа - што прави Меланија Трамп за да изгледа како да не старее и да биде во топ форма во секое модно издание?

tajnite-na-melanija-tramp-za-fit-telo-i-besprekoren-izgled-na-54-godini-01.jpg

Меланија Трамп е прва дама на САД по вторпат, а таа изгледа како воопшто да не се променила во изминатите неколку години кои ги помина подалеку од очите на јавноста.

Каде и да се појави таа модно доминира и остава впечаток како да го открила еликсирот за вечна младост, иако во една прилика пред една деценија открила дека не сака ботокс и нема ништо вештачко на неа, бидејќи сака грациозно и природно стареење. 

tajnite-na-melanija-tramp-za-fit-telo-i-besprekoren-izgled-na-54-godini-02.jpg2000-та / 2020-та / 2025-та година

Сопругата на Доналд Трамп ретко го изнесува приватниот живот во јавност, но низ годините неколкупати има зборувано за медиумите и има споделено некои навики на социјалните мрежи. 

Во продолжение погледнете неколку тајни кои ја одржуваат во форма, покрај добрата генетика: 

Обожава пилатес и вежби кои може да ги прави од дома

Практикува едноставни активности во секојдневието, како движење низ дома со тегови на глуждовите

tajnite-na-melanija-tramp-za-fit-telo-i-besprekoren-izgled-na-54-godini-2.jpg

Сака да игра тенис, а на приватниот имот на Флорида имаат 5 тениски игралишта

Денот го започнува со овесна каша или смути со состојки кои се добри за кожата како банана, боровинки, ленено семе, витамин Д и омега-3

Практикува во текот на денот да изеде 7 парчиња овошје, а се држи до постојана здрава исхрана со зеленчук и овошје

„Не држам диети, само се хранам здраво, затоа што така се чувствувам подобро и имам повеќе енергија“ – изјавила одамна Меланија.

tajnite-na-melanija-tramp-za-fit-telo-i-besprekoren-izgled-na-54-godini-03.jpg

Не си скратува задоволства, а има признаено дека понекогаш сака да се напие диетална Coca-Cola или да земе ред чоколадо

tajnite-na-melanija-tramp-za-fit-telo-i-besprekoren-izgled-na-54-godini-05.jpg

Блескавата кожа се должи на витамини и козметика со кислород, редовно миење лице и долг и квалитетен сон

tajnite-na-melanija-tramp-za-fit-telo-i-besprekoren-izgled-na-54-godini-04.jpg

Наоѓа време за нега за себе и има изјавено: „Кога се грижиш за себе, можеш да се грижиш и за другите“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тоа е лажна Меланија“ - Меланија Трамп со Доналд на гласање во веќе виден фустан и очила за сонце н... „Таа личност што стои до Трамп и носи огромни очила НЕ изгледа како Меланија“, „...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg