Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Златен Rolex, раскошен стан – Најскапите работи што ги поседува Барон Трамп

Неодамна, Барон Трамп беше забележан со златен Rolex часовник кој се проценува на скоро 50.000 долари. Кои се другите скапи работи што ги поседува?

zlaten-rolex-raskoshen-stan-najskapite-raboti-shto-gi-poseduva-baron-tramp-01_copy.jpg

Со татко кој „тежи“ неколку милијарди, а притоа е и претседател на САД, јасно е дека Барон Трамп ужива во раскошен живот.

Тој е најмалото дете на Доналд Трамп, како и единственото дете на Меланија, па од родителите сигурно добива што и да посака.

Иако има многу привилегии, Барон не делува како разгалено дете, а ова го велат и неговите колеги од факултет.

Сепак, 19-годишниот студент поседува некои работи кои чинат цело богатство.

Кои се најскапите работи што ги има Барон Трамп?

Златен Rolex часовник

Во март годинава, Барон Трамп беше по малку критикуван откако беше фотографиран со златен часовник од луксузниот бренд Rolex.

Часовникот, кој е направен од 14-каратно злато, се проценува на дури 47.800 долари, и токму цената предизвика лавина реакции.

Некои сметаат дека Барон, кој обично не се фали со богатството, е премногу млад за толку скап часовник и дека треба да покаже повеќе скромност како син на претседател.

Сепак, други сметаат дека не направил ништо погрешно и дека е сосема во ред да има луксузен часовник штом може да си ги дозволи.

Претходно тој е забележан со уште неколку модели на луксузни часовници кои чинат повеќе од 10.000 долари.

zlaten-rolex-raskoshen-stan-najskapite-raboti-shto-gi-poseduva-baron-tramp-02.JPG

Живее во стан вреден неколку милиони

Барон Трамп живее во познатата зграда на татко му – Trump Tower.

Уште од детството, тој има цел кат од зградата кој е само негов.

Откако се запиша на факултет, тој живее во луксузен апартман во Менхетн кој се проценува на околу 100 милиони долари.

Иако не е познато дали становите се на негово име или во сопственост на Доналд, факт е дека Барон си ги користи како свои.

zlaten-rolex-raskoshen-stan-najskapite-raboti-shto-gi-poseduva-baron-tramp-03.JPG

Луксузни имоти

Иако не се знае на чие име се становите, според некои извори, Барон поседува неколку луксузни домови, вклучувајќи куќа во Флорида која вреди 11 милиони, како и огромен имот во Њу Џерси кој вреди 19 милиони долари.

zlaten-rolex-raskoshen-stan-najskapite-raboti-shto-gi-poseduva-baron-tramp-04.JPG

Дизајнерска облека

Додека беше помал, Барон беше облечен како најобично дете, а според извори блиски до семејството Трамп, носел релативно евтина облека, како маичка од 30-тина долари.

На папарацо фотките од кампусот на факултетот Барон иако изгледа средено, сепак не носи облека која делува многу скапо и не се фали со брендови.

Но, за важни настани, како инаугурацијата на татко му, носи скапи костими од неколку илјади долари.

zlaten-rolex-raskoshen-stan-najskapite-raboti-shto-gi-poseduva-baron-tramp-05.JPG

Коњ во Монголија

Кога претседателот на Монголија ја посети Белата куќа за време на првиот мандат на Доналд, на Барон му подари необичен подарок – коњ.

Станува збор за коњ со педигре кој чини околу 70.000 долари.

Сепак, родителите на Барон одлучија дека е најдобро коњот да остане во Монголија, каде што ќе може да ја добие соодветната грижа од тамошните експерти.

zlaten-rolex-raskoshen-stan-najskapite-raboti-shto-gi-poseduva-baron-tramp-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg