Бесен сопруг ќе се разведува од сопругата инфлуенсерка, откако бакнала пејач на сцената (видео)

За бакнежот со својот идол, Миријам Круз, која стана вирален хит, вели: „Мора да признаам дека ова постигнување за мене дојде со многу висока цена – крај на мојот 10-годишен брак“.

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-01.jpg

Миријам Круз, девојка која на ТикТок има повеќе од 139.000 следбеници, се качи на сцената за време на концертот на бачата бендот „Aventura“ во Доминиканската Република и бакна еден од членовите, поточно фронтменот Ромео Сантос.

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-05.jpg

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-02.jpg

Бендот се состои од 4 члена и формиран е во Њујорк.

Тие се на 9-месечна турнеја, откако членовите на бендот се имаа разделено за да работат на соло проекти.

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-06.jpgРомео Сантос

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-09.jpg

Видеата од бакнежот се споделуваат вирално.

Миријам, откако беше поканета на сцената да отпее песна со нив, очигледно не можеше да ја скроти својата возбуда.

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-12.jpg

Таа е 10 години во брак и постојано објавува фотографии и видеа со својот сопруг, но тој, лут по нејзиниот потег, донел одлука за развод.

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-07.jpg

besen-soprug-kje-se-razveduva-od-soprugata-influenserka-otkako-baknala-pejach-na-scenata-video-03.jpg

Миријам, самата на ТикТок објави, па избриша, дека бакнежот за време на концертот предизвикал нејзиниот брак да се распадне.

„Мора да признаам дека ова постигнување за мене дојде со многу висока цена – крај на мојот 10-годишен брак“, напиша таа, а пренесува DailyMail.

Taa додава дека ја понеле емоциите, без да размисли дека тоа може да влијае на нејзиното семејство.

Screenshot_12.jpg

Но, од друга страна вели дека е среќна што ѝ се остварил еден долго сонуван сон.

„За мене не е само да се воодушевувате на еден артист, туку и да го цените како едно прекрасно човечко суштество. Јас го следам и му се восхитувам многу долго“.

Таа му се обрати и на наскоро поранешниот сопруг:

„Од дното на срцето ми е жал. Никогаш немав намера да те повредам.

Само се надевам дека иако сме разделени ќе можеме да го одржиме мирот и заедништвото за доброто на нашите деца.“

Видеата од бакнежот кои се споделуваат вирално:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сопругот ме изневерувал и им велел на девојките дека сум мртва - по неговата смрт дознав што ми пра... „Лута сум затоа што никогаш нема да добијам одговори“ – вели Американката која с...
16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Мислев дека сопругот ми носи појадок во кревет – тој ми ставал отров за да го убие бебето во мојот ... „Ми велеше: ‘Ајде испиј ја водата, морам да одам’“ – жена од САД ја раскажува хо...
Британка омажена за милионер од Дубаи: „Добив 10 милиони долари мираз, ако ме изневери ќе му ги зема... „Ако мојот сопруг некогаш ме изневери, треба да ми даде 100 отсто од неговото бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg