Ким Кардашијан танцува со новиот робот на Tesla од 20.000€, кој јавноста го критикува: „Нè очекува апокалипса“
- Детали
- вторник, 19 ноември 2024
Додека Ким Кардашијан се чини дека е воодушевена од роботот на Tesla, дел од јавноста и бројни експерти го критикуваат проектот – некои сметаат дека е опасно да имаме роботи во домот, а други истакнуваат дека други компании имаат многу понапредни програми.
Во 2021 година, Илон Маск најави дека инженерите од неговата компанија Tesla работат на хуманоиден робот, а првиот прототип го покажаа во 2022 година.
Годинава милијардерот ја претстави најновата верзија на роботот и откри дека ќе може да се користи и како помошник низ домот за секакви обврски.
Тој сподели дека роботот ќе биде достапен за јавноста, односно за оние кои ќе можат да одвојат над 20.000 евра за него.
Според Илон, роботот дефинитивно ќе се продава во 2026-та, но тој се надева дека ќе биде пуштен во продажба уште следната година.
Сега, пак, Ким Кардашијан се пофали дека веќе го има роботот дома.
Не е познато дали го добила како подарок, веројатно од Илон Маск, или го купила сама.
Таа сподели неколку видеа на Инстаграм Стори на кои покажува како се одвива интеракцијата со роботот.
Во видеата, таа го прашува роботот дали може да мавне со раката во знак на поздрав и го тера да повтори некои гестикулации.
Во еден миг роботот почнува и да танцува, а потоа со Ким играат „лист, камен ножички“.
Иако хуманоидниот робот на Tesla делува како да влегуваме во ново поглавје од човечката историја, јавноста не е многу воодушевена од неговиот изум.
Кога првпат го најави роботот во 2021-ва, Илон изјави дека целта му е да ги замени луѓето во здодевните, но и опасните обврски.
Овде спаѓаат обврските низ домот, како чистење и готвење, но и пополнување на работните места каде што работниците се изложени на голем ризик – на пример, во рудник.
Роботот користи вештачка интелигенција, што значи ќе може да учи од луѓето.
Сепак, многумина почнаа да го споредуваат со дејството на книгата, а подоцна и филмот I, Robot.
Дејството е сместено во свет каде што роботите ги завршуваат здодевните и опасни обврски наместо луѓето – исто како замислата на Илон.
Но, стануваат свесни за нивната експлоатација, па стануваат и закана за луѓето.
„Нè очекува истото сценарио како во I, Robot“, гласи еден од многуте коментари на социјалните мрежи.
Роботот на Илон и премногу наликува од оние во филмот, а тој вели дека намерно бил дизајниран така.
„Роботот има приближна висина и тежина како возрасна личност. Може да крева и носи тешки предмети, да се движи брзо во помали чекори, а екранот на неговото лице е интерактивен интерфејс за комуникација со луѓе.
Можеби се прашувате зошто дизајниравме робот со нозе. Одговорот е бидејќи општеството е засновано на интеракција со хуманоид со две нозе и две раце, со по 10 прсти.
Па, ако сакаме роботот да се адаптира на околината како луѓето, треба да има приближно иста големина, форма и способности како и човек“, изјави милијардерот.
Некои експерти, пак, велат дека роботот на Илон не е ни малку импресивен и дека целото промовирање е обвиено со лага.
Односно, некои сметаат дека роботот е контролиран од далечина на промотивните видеа и целата интеракција со околината е всушност лага.
Други, пак, истакнуваат дека некои компании веќе имаат понапредни роботи од оној на Tesla и дека ја користат истата технологија веќе неколку години наназад.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





