Вирален хит: Норвежанец танцува на разни локации со шолја кафе во раката (видео)

За Кјетил Крогштад буквално може да се каже дека оди низ животот танцувајќи... Запознајте го „танцувачкиот инфлуенсер“ од Норвешка.

norvezhanec-tancuva-so-sholja-kafe-vo-rakata-i-shiri-pozitiva-video-01.jpg

Кјетил Крогштад oд Норвешка шири позитива на Инстаграм со своите танцувачки видеа.

Овој Норвeжанец има повеќе од 663.000 следбеници, а танцува буквално кај ќе стигне.

„Танцувам од 4-годишна возраст“, вели тој и открива дека додека другите момчиња оделе на часови по фудбал, тој одел на часови по танц, пеење и глума.

norvezhanec-tancuva-so-sholja-kafe-vo-rakata-i-shiri-pozitiva-video-03.jpg

Неговиот ентузијазам е заразен и вели дека никогаш не планира да прекине со танцувањето, а дека луѓето по улиците го препознаваат како „танцувачкиот инфлуенсер“.

Тој вели дека сето ова почнало спонтано и дека првите танцувачки видеа ги праќал во приватни пораки кај пријатели, но штом го објавил првото видео, тоа станало вирално.

norvezhanec-tancuva-so-sholja-kafe-vo-rakata-i-shiri-pozitiva-video-02.jpg

Кјетил вели дека за снимање на танцувачките видеа избира интересни локации и дека на тој начин ја промовира и убавината на Норвешка, но и на другите земји што ги посетува, како Исланд и Италија.

Дел од неговите видеа (кликнете за да ги видите):

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се омажив во Дубаи за пари, сопругот ми дава месечен џепарлак од над 30.000 долари“ Малајка е една од бројните жени, односно богати домаќинки во Дубаи и сака да се ...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Исповед на инфлуенсерка: „На Инстаграм животот ми е совршен, но немам пари за сметки, храна, ни пеле... „Сите мислат дека со семејството живееме како на филм. Но, Инстаграм не ја покаж...
„Сакав да станам инфлуенсерка и заглавив со долг од 14.000 евра - купував скапи работи и одев во мин... Обидувајќи се да живее совршен живот како на Инстаграм, 37-годишна Англичанка пр...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
Се дружи со познати личности, Рики Мартин му ги лајкува објавите - Кој е Диего Родригез, мажот со на... Одбил добро платена инженерска работа за да биде инфлуенсер. Со неверојатни сини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg