Бизарна приказна: Детали за грозоморното убиство на модел со српско потекло – сопругот ја задавил, сакал да се ослободи од телото со блендер
- Детали
- петок, 13 септември 2024
Зад совршените Инстаграм фотографии на моделот Кристина Јоксимовиќ од Швајцарија се криело насилство кое кулминира со нејзината трагична смрт. Кристина, која има потекло од Србија, била задавена од сопругот, кој се претпоставува дека ја малтретирал со години.
Убиството на модел од Швајцарија, со потекло од Србија, ја згрози јавноста.
38-годишната Кристина Јоксимовиќ била убиена од нејзиниот 41-годишен сопруг, кој потоа ѝ го исекол телото и искористил блендер пробувајќи да се ослободи од остатоците.
Убиството се случило во февруари годинава, а надлежните сега ги соопштија грозоморните детали.
Сопругот го признал убиството, а пред некој ден истрагата потврдила дека имал „сериозни проблеми со менталното здравје“.
Што знаеме за трагичната смрт на Кристина?
Кристина, која еднаш била финалистка на избор за Мис на Швајцарија, била задавена од сопругот.
Подоцна тој признал дека ја задавил, а тврдел дека ја нападнал во самоодбрана.
Односно, според него, таа му се заканувала со нож, по што тој ја задавил.
Изјавил дека во паника, за да се ослободи од телото, го исекол со пила.
Пробал да ги уништи деловите ставајќи ги во блендер, а користел и хемиски раствор.
Сепак, не биле најдени никакви докази дека тој делувал во самоодбрана и, како што спомнавме, покажувал знаци на сериозно ментално растројство.
Сопругот бил уапсен еден ден откако биле пронајдени остатоците од телото на Кристина.
За швајцарските медиуми, блиски пријатели на моделот велат дека се во шок од целиот случај.
Според нив, Кристина и сопругот изгледале како совршено семејство, а имале и две деца.
Сепак, други извори тврдат дека со месеци имале проблеми во врската, а наводно во нивниот дом била повикана и полиција поради семејно насилство.
Сега, се претпоставува дека Кристина можеби долг период била жртва на сопругот.
Според надлежните кои работат на случајот, тој не покажувал емпатија и делувал ладнокрвно во врска со убиството.
Притоа, се појавиле докази дека и претходно имал пробано да ја задави сопругата.
За швајцарските медиуми се огласија и поранешни колешки на Кристина кои истакнуваат дека таа била повлечена и добра жена.
„Неа ја познавав добро, а сопругот го имав сретнато еднаш накратко.
Шокирана сум. Не ни помислував дека може да се случи нешто вакво“, гласи една од изјавите.
Инаку, Кристина е родена во Бининген, Швајцарија, но има потекло и од Србија.
Во 2003 година првпат победила на натпревар за убавина, а во 2008-ма била финалист на изборот за Мис на Швајцарија.
Работела и како модел, а потоа станала тренер за идни манекенки и отворила своја агенција за модели.
Истовремено, работела и како регрутер во ИТ компанија.
Сопругот, пак, бил успешен претприемач, а според нивните објави на социјалните мрежи, изгледа како да живееле во хармонија.
За жал, зад совршените фотографии се криело насилство кое Кристина веројатно го криела и кое кулминира со нејзината трагична смрт.
Спирова С. | Црнобело