На најубавата розова плажа во Италија не смеете да стапнете – Инфлуенсерка плати казна од 1.800 евра откако се сликала таму
- Детали
- вторник, 18 јуни 2024
До плажата стигнала со мал чамец, стапнала на песокот и се пофалила на социјалните мрежи. Како една инфлуенсерка заработи казна од 1.800 евра во Италија и зошто на плажата Spiaggia Rosa на која се фотографирала е забрането да стапнете?
Плажата Spiaggia Rosa се наоѓа на источниот брег на Сардинија, на островот Будели, а позната е по необичниот розов песок, па оттаму и го добила името (розова плажа).
Необичната боја на плажата е предизвикана од школките и остатоците од микроскопските организми, но во последните 30 години е забранета за посета, затоа што било забележано дека посетителите земаат големи количества од песокот за спомен, па заради тоа, препознатливата розова боја почнала да бледнее.
Плажата сега се смета за национален парк и додека е дозволено да се доближите до неа и да ја фотографирате од брод, не е дозволено да се симнете од бродот и да стапнете на скапоцениот песок или да пливате во водите на брегот.
Исто така, постојат организирани туристички тури, со кои плажата можете да ја видите оддалеку по веќе утврдена патека.
Казните за овој прекршок се огромни, а ако на аеродром ве фатат со сувенир од плажата, можете да платите казна и до 3.000 евра.
Но, очигледно, строгите закони и казни не ја заплашиле инфлуенсерката Роџерија Џиа, која е Бразилка која живее во Дубаи.
Таа со мал чамец стигнала до брегот на забранетата плажа, без да води сметка за знаците што укажувале дека посетата е забранета, ги фотографирала отпечатоците од стапалата кога стапнала на скапоцениот песок, а сите содржини ги објавила на социјалните мрежи.
Се верува дека таа чамецот го изнајмила од поголемиот брод со кој била на обиколка на плажата и со туристички водич заминала таму.
По големиот број реакции од жителите на Сардинија, жената била пронајдена и на нејзината адреса во Дубаи стигнала казна во износ од 1.800 евра, од кои 300 евра се за непочитување на забраната, а 1.500 евра се за доаѓање со брод кој нема одобрување за приближување до Будели.
Овој остров се смета за ненаселен, иако околу 30 години бил населен од Мaуро Моранди, кој пристигнал на островот во 1989-та година откако преживеал бродолом во близина.
Моранди, кој се сметаше за модерен Робинзон Крусо, на островот живеел до 2021-ва година кога на возраст од 84 години беше прогонет оттаму.
Погеднете уште неколку фотки од плажата:
https://www.instagram.com/p/C8SWbCLoNVz/
https://www.instagram.com/p/C8LzSENsQOj/
Б. С. Б. | Црнобело