Бил Гејтс и девојка му првпат заедно на црвен тепих – Што знаеме за Пола Хурд?
- Детали
- понеделник, 15 април 2024
Првпат откако ја потврдија врската, Бил Гејтс и неговата девојка Пола се појавија на јавен настан. Пола е вдовица која скоро 30 години беше во брак со директор на позната софтверска компанија, кој почина во 2019-та.
Бил Гејтс ја потврди врската со девојка му Пола Хурд минатата година, а сега првпат се појавија заедно на црвен тепих.
68-годишниот основач на Microsoft и 60-годишната Пола присуствуваа на Breakthrough Prize Ceremony – настан на кој им се дава признание на најдобрите научници во светот.
Наградите, кои се доделуваа во Лос Анџелес, неретко се нарекувани и „Оскарите во светот на науката“.
Бил и Пола беа во модно усогласени комбинации – таа носеше долг црн фустан со реси, додека милијардерот носеше црн костум.
Парот првпат беше забележан во јавност неколку месеци пред да ја потврдат врската – заедно присуствуваа на неколку спортски настани, вклучувајќи го и Australian Open 2023.
Кога извор близок до парот ја потврди нивната врска, тој откри дека Пола сè уште не ги запознала децата што Бил ги доби од бракот со Мелинда.
Неколку факти за (релативно) новата девојка на Бил Гејтс:
Беше во брак со извршниот директор на софтверската компанија Oracle – беа заедно скоро 30 години, сè до неговата смрт во 2019-та.
Студирала бизнис, на Универзитетот во Тексас и дипломирала во 1984 година.
Работела во технолошката индустрија и неколку децении била менаџер во врвна софтверска компанија.
Денес работи како организатор на настани, и тоа приватни, од фирми, но и добротворни.
Пола, како и нејзиниот сегашен дечко, е филантроп и со покојниот сопруг имаат учествувано во бројни добротворни акции.
Од бракот со покојниот сопруг, Пола има две ќерки – Кетрин и Кели – за кои не е познато дали го запознале Бил Гејтс.
Со Бил Гејтс присуствуваше на свршувачката на Џеф Безос и Лорен Санчез во август 2023 година.
Годинава, пак, беше на претсвадбената прослава на синот на индискиот милијардер Мукеш Амбани, повторно во друштво на Бил Гејтс.
Доделувањето на Breakthrough Prize Ceremony е прво јавно појавување на парот.
На истиот настан присуствуваа и други важни имиња од научната сфера и технолошката индустрија, како Илон Маск.
Но, имаше и ѕвезди кои не би очекувале да ги видите таму, како Ким Кардашијан и мајка ѝ Крис, актерките Мишел Јео и Марго Роби и пејачката Алиша Кис.
Повеќе фотки од настанот во продолжение:
Спирова С. | Црнобело