Бил Гејтс (67) има нова девојка, 2 години по разводот од Мелинда и аферата со колешка од Microsoft: „Неразделни се“
- Детали
- четврток, 09 февруари 2023
Бил Гејтс има нова девојка 2 години по разводот од сопругата со која има три деца. Според извори блиски до милијардерот, тој мошне успешно ја криел врската од јавноста – романсата почнала пред повеќе од една година, а наводно се неразделни.
Две години по неочекуваната разделба од Мелинда, Бил Гејтс ја покажа новата девојка.
67-годишнит основач на Microsoft првпат беше забележан со девојката на неколку натпревари на Australian Open, а сега нивната врска ја потврди и извор близок до милијардерот.
Всушност, милијардерот бил во врска повеќе од една година, но успешно ја криел од јавноста.
Новата девојка на Гејтс е Пола Хурд, која беше во брак со поранешниот извршен директор на компанијата за компјутерски софтвер Oracle, Марк Хурд.
Марк почина во 2019-та, на 62-годишна возраст, наводно од рак. Пола има две ќерки од бракот со Марк.
„Неразделни се. Заедно се повеќе од една година и Пола честопати беше опишувана како ’мистериозната жена‘, но нивната врска не е никаква мистерија помеѓу блиските пријатели и семејството“, открива извор за Daily Mail за врската на милијардерот.
Денес Пола работи како организатор на настани, а исто како Бил, и таа е филантроп.
Не е познато колку точно изнесува нејзиното богатство, но богатството на нејзиниот сопруг беше проценето на 500 милиони долари во периодот на неговата смрт.
Покрај фотките од натпреварот, Бил Гејтс и новата девојка беа фотографирани и како шетаат низ Сиднеј, но тогаш идентитетот на Пола беше непознат.
Неколку дена откако се врати од Австралија, Бил Гејтс изјави дека е подготвен за нова љубов, но тогаш не спомна ништо за новата девојка.
На прашањето дали би сакал повторно да се вљуби, милијардерот само изјави:
„Секако, не сум робот“.
Бил и поранешната сопруга Мелинда се разделија во 2021 година, по 27 години брак.
По разделбата, Мелинда се отвори за „многу болниот развод“ и истакна дека повеќе не можела да издржи во тој брак.
Истовремено, наводно, аферата на Бил Гејтс со вработена во Microsoft која почнала во 2000-та и траела неколку години, ја разнишала довербата помеѓу неа и милијардерот.
Се претпоставува дека разводот на Бил и Мелинда е еден од најскапите досега. Парот немал предбрачен договор и не е познато како точно го поделиле богатството, но според некои извори Мелинда добила неколку милијарди.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





