Нервоза, раздразливост, но и личен развој: Што ќе ни донесе Лунарната еклипса (која трае до 8 април)?

Дали деновиве се чувствувате раздразливи, нервозни, постојано подготвени да се расправате со сите, иако за тоа можеби нема причина? Според астролозите, вината треба да ја барате во Лунарната еклипса која почнува денес (25 март 2024) и ќе трае до 8 април...

nervoza-razdrazlivost-no-i-lichen-razvoj-shto-kje-ni-donese-lunarnata-eklipsa-koja-trae-do-8-april-01.jpg

Астролозите предвидуваат големи промени кај повеќето луѓе во наредните денови. Според нив, причината за тоа е Лунарната еклипса, која почнува денес (25 март) и ќе предизвика хаос во првите денови од нејзината појава.

Според австралискиот астролог Наташа Вебер, во текот на првите денови може да очекувате „непредвидени случувања, шокови и личен развој“.

Но, до крајот на овој период, кој ќе заврши на 8 април, работите и нема да бидат толку лоши.

„Треба да се ослободите од старото за да можете да го прифатите новото. Лунарната еклипса ќе влијае и во глобални рамки, но и во личните животи на луѓето.

Во овие денови не треба да се плашите да го побарате тоа што мислите дека го заслужувате, или да го изразите своето мислење без оглед на последиците - бидете храбри во однос на околината и поискрени кон себе“, вели таа.

nervoza-razdrazlivost-no-i-lichen-razvoj-shto-kje-ni-donese-lunarnata-eklipsa-koja-trae-do-8-april-03.jpg

Некои луѓе ќе имаат тешкотии при комуникацијата, проблеми со технологијата или промена во нивните планови за патување.

Од друга страна, по 1 април, многу луѓе ќе почувствуваат психичко олеснување, ќе добијат интересна понуда за работа (или хонорарен ангажман), можност за личен развој (ќе почнат курс или обука поврзана со работата).

nervoza-razdrazlivost-no-i-lichen-razvoj-shto-kje-ni-donese-lunarnata-eklipsa-koja-trae-do-8-april-02.jpg

Во средината на Лунарната еклипса, на 1 април, ќе почне и првиот ретрограден Меркур оваа година и ќе трае до 24 април.

Според Вебер, ретроградниот Меркур ќе го засили влијанието на она што ви се случува во деновите на Лунарната еклипса: ако чувствувате негативни влијанија, тогаш тие ќе бидат уште понегативни, а доколку сте од оние кои минуваат низ позитивна фаза, тогаш вашите денови ќе бидат уште поубави.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg