Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија?
- Детали
- четврток, 28 март 2024
Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на големи модни куќи – која е и како изгледа вереницата на момчето од Киндер, што денес е 32-годишен заводник?
Доколку името Алесандро Егер не ви значи ништо, сигурно ќе се сетите ако ви кажеме дека тој е слаткото момче познато по обвивката на Киндер чоколадите во минатото.
Тој денес има 32 години, работи како модел, уште ја има широката, блескава насмевка, а покрај него секогаш е неговата вереница, која ја запроси минатата година во Милано.
Станува збор за Мадалина Дорофтеи - убавица, која потекнува од Романија, каде во младоста работела како модел и била Мис Романија, а пред повеќе од десет години си заминала од таму и денес живее и работи во Италија, каде гради кариера во манекенство.
Романката влезе и во книгата на рекорди, за дефилирање на првото модно шоу на Монт Еверест, на висина од 5.600 метри, искуство за кое има изјавено дека било многу тешко.
„Немаше вода, имавме минимална дозволена количина што можеме да ја пиеме, не се бањавме 3 недели, јадев ориз со лук 20 дена за појадок, ручек и вечера“ – изјавила таа во една прилика, но за ова била крунисана со титулата „Лице на Еверест“.
Денес двајцата работат за престижни модни куќи, љубовта им трае повеќе од една деценија, а живеат заедно од 20-тата година на Алесандро.
Тој во јули 2023 ја запроси Мадалина во италијански ресторан, а манекенката има изјавено дека во блиска иднина би сакала да стане мајка.