„Доби 20 кила мускули за 6 недели со Фотошоп“ – Францускиот претседател мета на потсмев заради новите фотки
- Детали
- четврток, 21 март 2024
„Роки Макрон“ - францускиот претседател Емануел Макрон доби нов прекар откако неговата официјална фотографка објави фотки на кои тој боксува. На Твитер има голем број шеги и мемиња посветени на фотошопираните мускули на претседателот.
Официјалната фотографка на францускиот претседател Емануел Макрон, Соазиг дела Мосоњер на нејзиниот
View this post on Instagram
На нив Макрон е со стисната вилица и со напнати мускули и наводно се подготвува за борба, а удира толку силно што мускулите му се истакнати и вените му се излезени нанадвор.
Фотките, според некои, се обид на францускиот претседател да повика на поголема отпор против рускиот претседател Владимир Путин, кој е познат по своите спортски вештини.
А според други, се извор за потсмев и производ на лош Фотошоп.
Твитерџиите го споредуваат Макрон со легендарниот лик од филмовите со Силвестер Сталоне, Роки Балбоа, а други пак забележуваат неверојатни промени во неговата физичка градба.