Мајка ѝ ја добила во афера, секогаш бира постари мажи - Како внуката на Борис Елцин стана скандал-девојка?
- Детали
- сабота, 12 октомври 2024
-->
Таа е петта внука на рускиот претседател Борис Елцин. На 17 години започна врска со 29-годишен фудбалер, имаше гласини за свршувачка, но потоа се разделија. Што знаеме за Марија Јумашина, која важи за скандал-девојка?
Внуката на првиот руски претседател Борис Елцин, Марија Јумашина е вистинска скандал-девојка.
-->
Израснала во огромно богатство, а на 17 години предизвикала вистинска бура од реакции во јавноста кога започнала врска со 12 години повозрасен фудбалер.
Руските медиуми често пишуваат за нејзините разголени изданија и луксузните забави на кои присуствува.
Која е Марија Јумашева и што знаеме за неа?
Марија Јумашева е петтата внука на поранешниот руски претседател Борис Елцин. Таа е плод на третиот брак на нејзината мајка Татјана Борисовна Јумашева, која била ќерка на претседателот.
-->
-->
Нејзиниот татко е Валентин Борисович Јумашев кој во младоста работел како новинар, а потоа навлегол и во политичките води и работел како советник на претседателот.
-->
Татјана и Валентин стапиле во брак во 2001-ва година. Таа се развела од вториот сопруг, милијардерот Леонид Дјаченко, откако станало јасно дека е бремена од аферата со Валентин.
Со оглед на тоа што мајка ѝ имала 41 година кога останала бремена со Марија, таа се породила во една од најдобрите клиники во Лондон. Девојчето е родено во 2002-ра година, во периодот кога на нејзиниот дедо веќе значително му била влошена здравствeната состојба.
-->
Како најмала внука, Maрија од мали нозе се навикнала целото внимание да биде свртено кон неа. Родителите ѝ ги обезбедиле најдобрите дадилки, таа изучувала јазици, одела на часови по балет и музика, и тренирала тенис.
Во 2013-та година нејзиното семејство одлучило да се пресели во Австрија, каде таа го продолжила образованието во елитно училиште.
Сонувала еден ден да студира во САД, но родителите не ѝ дозволиле, па така одлучила да се пресели во Лондон, каде водела живот на богата наследничка, која често можела да биде забележана како оди во шопинг во ексклузивни бутици и со ќеси од познати и скапи брендови.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата
Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“
„Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци
70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“
По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“
„Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“
„Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...