Делела совети за деца, а своите ги изгладнувала и врзувала - Јутјуберка може да добие до 60 години затвор

За казна им ги држела главите под вода и ги изгладнувала, а на Јутјуб делела совети за правилно родителство. Американска јутјуберка во солзи ја дочека одлуката на судиите дека може да добие затворска казна од 4 до 60 години, затоа што ги измачувала и ги изгладнувала своите деца.

delela-soveti-za-deca-a-svoite-gi-chuvala-kako-vo-koncentracionen-logor-jutjuberka-mozhe-da-dobie-do-60-godini-zatvor-01.jpg

На социјалните мрежи постојат огромен број мајки кои делат совети за родителство и мајчинство, а случајот на американката Руби Франк привлече огромно внимание во јавноста, откако се дозна дека јутјуберката која делеше совети за родителство, своите деца ги чувала како во логор.

Во вторникот (20.02) Руби Франк и нејзината бизнис партнерка Џоди Хилденбрандт беа осудени на затворска казна од 4 до 60 години, заради занемарување и злоупотреба на деца.

delela-soveti-za-deca-a-svoite-gi-chuvala-kako-vo-koncentracionen-logor-jutjuberka-mozhe-da-dobie-do-60-godini-zatvor-02.jpg

Руби Франк, која е мајка на шест деца, во еден период беше вистинска интернет сензација заради нејзините совети за родителство, но во август 2023-та година, таа и нејзината бизнис партнерка беа обвинети за малтретирање деца.

Имено, Руби и нејзиниот сопруг Кевин станале славни откако го започнале шоуто „8 Passangers“ во 2015-та година, во кое го прикажувале нивниот живот со шест деца, но зад сцените бракот почнал да се распаѓа.

delela-soveti-za-deca-a-svoite-gi-chuvala-kako-vo-koncentracionen-logor-jutjuberka-mozhe-da-dobie-do-60-godini-zatvor-03.jpg

Во овој период особено бил влошен односот меѓу Руби и нејзините две најстари деца Шари и Чед. Токму во овој период, Руби и сопругот Кевин побарале помош од терапевтката Џоди Хилденбрандт која им препорачала да се разделат за да го спасат бракот.

Наводно, Кевин и Руби се разделиле затоа што имале различни ставови за родителството, а Руби ја започнала соработката со познатата терапевтка.

delela-soveti-za-deca-a-svoite-gi-chuvala-kako-vo-koncentracionen-logor-jutjuberka-mozhe-da-dobie-do-60-godini-zatvor-04.jpg

Додека пред камерите делела совети за правилно родителство, Руби на своите деца не им давала храна, вода, не им дозволувала да спијат во кревет и им ги забранила сите облици на забава.

Случајот беше откриен откако едно од децата, 12-годишниот син Расел, успеал да побегне од куќата на Руби преку прозорец и да отиде кај соседите и да побара помош.

delela-soveti-za-deca-a-svoite-gi-chuvala-kako-vo-koncentracionen-logor-jutjuberka-mozhe-da-dobie-do-60-godini-zatvor-06.jpg

Детето било со леплива лента околу рацете, а било забележително дека е со повреди и било толку многу неухрането, што морале веднаш да го пренесат во болница.

Во слична здравствена состојба била затекната и нејзината 10-годишна ќерка Ив.

Руби и нејзината партнерка по апсењето ја признале вината, а познатата јутјуберка признала дека ги измачувала децата така што им ги држела главите под вода и ги изгладнувала.

delela-soveti-za-deca-a-svoite-gi-chuvala-kako-vo-koncentracionen-logor-jutjuberka-mozhe-da-dobie-do-60-godini-zatvor-08.jpg

Кога едно од нејзините деца се обидело да побегне, Руби го врзала со лисици на рацете и на нозете, па потоа со јаже ги изврзала двата пара лисици.

Набрзо откако Руби беше уапсена, нејзината најстара ќерка Шари се огласи на социјалните мрежи и напиша:

„Денес е голем ден. Јас и моето семејство сме пресреќни што правдата е задоволена.

Со години се обидовме да разговараме со полицијата и со социјалните служби и пресреќна сум што конечно реагираа“.

delela-soveti-za-deca-a-svoite-gi-chuvala-kako-vo-koncentracionen-logor-jutjuberka-mozhe-da-dobie-do-60-godini-zatvor-07.jpg

Според некои гласини, Руби и Џоди не биле само бизнис партнерки, туку биле и во романтична врска, па таа е главната причина заради која се распаднал нејзиниот брак со сопругот.

Прочитајте повеќе: Не им давала храна, имале рани по телото – Која е јутјуберката од САД што беше уапсена за малтретирање на нејзините деца?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg