„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“

„Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не само што успеав, туку и станав целосно зависна“, открива 75-годишната Американка која пред некоја година почнала да танцува на шипка.

ima-75-godini-i-tancuva-na-sipka-semejstvoto-se-odreklo-od-nea-a-taa-tvrdi-deka-go-zivee-svojot-son-01.jpg

Стар Стауфер Вајс има 75 години, а во февруари 2021 година го остварила својот најголем сон. Таа е вдовица од Колорадо која долги години чекала за да си ја исполни животната желба.

Кога се пензионирала, решила да стане танчaрка на шипка, но за оваа одлука добила и низа критики.

ima-75-godini-i-tancuva-na-sipka-semejstvoto-se-odreklo-od-nea-a-taa-tvrdi-deka-go-zivee-svojot-son-005.jpg

Вајс морала да се соочи со губење на некои пријатели и членови на семејството кои по нејзината одлука да стане танчарка на шипка ѝ го свртеле грбот.

Нејзиниот сопруг починал пред 18 години. Па, бидејќи била осамена, решила да проба нешто ново.

Стар Стауфер Вајс ја добила својата желба за танцување на шипка во февруари 2021 година, кога прочитала статија за друга танчарка која била од истиот град како неа.

„Кога ја прочитав статијата, бев премногу возбудена“, открива пензионерката за The Sun.

ima-75-godini-i-tancuva-na-sipka-semejstvoto-se-odreklo-od-nea-a-taa-tvrdi-deka-go-zivee-svojot-son-007.jpg

 „Ме потсети на еден мој стар сон – танцот на шипка, кој со години беше на мојата листа со работи што сакам да ги направам, но секогаш некако паѓаше во втор план“, додава таа.

ima-75-godini-i-tancuva-na-sipka-semejstvoto-se-odreklo-od-nea-a-taa-tvrdi-deka-go-zivee-svojot-son-006.jpg

Вајс открива дека на почетокот се сомневала во себе и своите способности, но сепак одлучила да се обиде.

„Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не само што успеав, туку и станав целосно зависна“.

ima-75-godini-i-tancuva-na-sipka-semejstvoto-se-odreklo-od-nea-a-taa-tvrdi-deka-go-zivee-svojot-son-04.jpg

За Вајс, танцот на шипка не е само хоби, туку таа тврди дека успеала да се избори со болката и физички се трансформирала.

„Морате да се концентрирате или ќе го изгубите стисокот, ако користите погрешна нога или рака - ќе паднете на подот. Пред некој ден паднав на глава прилично силно. За среќа, немав потрес на мозокот”.

ima-75-godini-i-tancuva-na-sipka-semejstvoto-se-odreklo-od-nea-a-taa-tvrdi-deka-go-zivee-svojot-son-008.jpg

„Танцувањето на шипка во мојот салон и часовите ми помагаат многу во борбата против анксиозноста“, вели Вајс и признава таа дека ги брише негативните коментари што ги добива на Инстаграм бидејќи не сака никој да ѝ го нарушува мирот.

ima-75-godini-i-tancuva-na-sipka-semejstvoto-se-odreklo-od-nea-a-taa-tvrdi-deka-go-zivee-svojot-son-009.jpg

„Понекогаш луѓето пишуваат коментари на моите профили на социјалните мрежи за облеката што ја носам додека танцувам на шипка“, вели Стар, која има 29.000 следбеници на својот Инстаграм.

Но, и покрај негативните коментари, Вајс добива и низа комплименти за нејзиното тело.

Заедно со танцот на шипка, Вајс секоја недела оди и на зумба.

 В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg