Ја носела и 5-годишната ќерка во салон: Која е најпознатата зависничка од солариум?
- Детали
- недела, 04 февруари 2024
На солариум ја носела и 5-годишната ќерка, па добила забрана во некои од салоните. И покрај сѐ што доживеала, солариумот и понатаму е нејзина страст. Како изгледа денес Патриша од САД, можеби најпознатата зависничка од солариум?
Американката Патриша Крентсил (55) на јавноста ѝ е позната по опсесивната желба да има што поизразен вештачки тен.
Таа секој ден одела во солариум, за да се сонча 20 минути бидејќи едноставно ја обожавала темната боја на кожа.
Најголемиот шок се случил во 2012 година кога ја однела својата петгодишна ќерка на солариум.
Во 2012 година Патриша била обвинета за загрозување на животот на нејзината ќерка Ана, кога ја однела во салон со солариум за девојчето да добие вештачки тен.
На судењето во 2013-та, поротата го отфрлила ова обвинение и Патриша го задржала старателството врз својата ќерка.
Оваа самохрана мајка на пет деца во 2022 година за „Business insider“ изјави дека овој инцидент ја довел во тешка финансиска ситуација,
Добила и забрани од локалните солариуми во Њу Џерси каде што живеела, па потоа одлучила да се пресели во Лондон.
Во 2013 година отишла на рехабилитација за лекување од алкохол, а во 2019 година била хоспитализирана поради воспаление на белите дробови, па била ставена во индуцирана кома.
Доживеала срцев застој, а исто така ѝ биле дијагностицирани панкреатитис и инфекција која се проширила на белите дробови.
Зависничката од солариум учествувала во реални шоуа и снимила неколку видео спотови, а минатата година најавила дека ќе се кандидира за Сенатот на Флорида.
Сенаторот Рик Скот во претстојната трка за Сенатот во 2024 година, го предизвикала со интересна изјава за кандидатурата поднесена до Федералната изборна комисија.
„Знам дека сум поинаква и страдав поради тоа. Но, фактот дека сите сме различни е она што ја прави оваа земја толку неверојатна и единствена", изјавила таа за „TMZ“.
Претходно, таа изјавила дека целосно го променила својот став кон животот - не одела на забави и живеела помирно.
Сепак, солариумот и темниот тен остануваат нејзина опсесија.