Јапонски милијардер „изнајмил“ град во Италија за да прослави роденден со 1.400 гости – закупил театри, оперски куќи и стари градби
- Детали
- сабота, 04 ноември 2023
Јапонски милијардер изнајмил дел од најстарите и најзначајните градби во италијанскиот град Палермо, само за да си го прослави 73-тиот роденден. Поканил 1.400 гости кои ги сместил во најскапите хотели во градот. Сепак, се соочи и со критики.
Милијардерот Кароу Накаџима од Јапонија закупил голем дел од италијанскиот град Палермо само за да ги со прослави роденденот.
За 73-тиот роденден, тој организирал неколкудневна прослава, а за таа цел закупил некои од најзначајните градби во градот, вклучувајќи оперски куќи, театри и хотели стари и по неколку века.
Тој добил дозвола да ја изнајми и најголемата оперска куќа во Италија – Teatro Massimo.
Изнајмил и театар изграден во 1800-тите, каде што наредил да се наместат дополнителни столчиња за неговите гости да можеле да јадат внатре. За ова платил 37.000 евра.
Според Daily Mail, милијардерот поканил 1.400 гости во Палермо, а им го платил сместувањето во двата најскапи хотели во градот.
За сместувањето на гостите наводно платил над 200.000 евра.
За храната најмил познат готвач, а организирал и концерт на Матео Бочели – синот на легендарниот Андреа Бочели.
Барањата на милијардерот биле толку големи, што симфонискиот оркестар од Сицилија морал да се премести во помала сала за да му ослободи место во салата што обично ја користеле.
Прославата веќе била почната и гостите и милијардерот биле во Палермо.
Наводно забавата првично ја планирал за 70-тиот роденден во 2020-та. Но, плановите му биле растурени од пандемијата.
За италијанските медиуми, гувернерот на Сицилија изјавил дека воопшто не му се допаѓало тоа што милијардерот добил дозвола да изнајмува толку многу институции во Палермо.
Тој смета и дека ова е премногу ризично:
„Јас сум либерална личност која е отворена кон приватниот сектор. Но, за сè треба да постои граница. Со ова што му го дозволивме на милијардерот, отворивме проблем – можеби дури луѓе ќе почнат да го бараат истото“.
Тој вели и дека ќе отворел истрага за да види како ова му било дозволено бидејќи самиот дознал пред само два дена, и тоа преку италијанските медиуми.
Во меѓувреме, се огласил градоначалникот на Палермо кој вели дека делумно се согласува со гувернерот.
Односно, ќе треба да поработат на тоа да избегнат чести слични настани во иднина, но дека градот ќе има и придобивки од забавата.
Тој сметал дека забавата ќе биде како промоција за градот, но и дека ќе ја подобри локалната економија.
Каков е вашиот став – дали е во ред што милијардерот изнајмил бројни културни институции, некои стари со векови, само за роденденска забава?
Спирова С. | Црнобело