Не е само Македонија, цела Европа „се вари“ - Застрашувачки сцени од пожарите во Грција и Турција (видео)
- Детали
- вторник, 18 јули 2023
Италија, Грција, Шпанија и Швајцарија ќе бидат најпогодени од новиот топлотен бран што ја зафати Европа, а кој го носи името на скеларот на мртвите во грчката митологија - „Харон“. Грчките власти издадоа предупредувања за граѓаните и туристите, а на социјалните мрежи има застрашувачки видеа од пожарите што зафатија и некои туристички центри.
Голем број туристички центри и земји од Европа се зафатени од пеколно топли температури. Грција, Швајцарија и Шпанија денес очекуваат температурите да се искачат до 48 степени Целзиусови, а високите температури повторно предизвикаа и пожари, заради што голем број жители и туристи се евакуирани.
Европскиот континент од вчера (17.07) е погоден од нов топлотен бран наречен Харон (го носи името на скеларот на мртвите во грчката митологија).
Се очекува дека највисоки температури до 47 степени Целзиусови ќе бидат регистрирани на италијанскиот остров Сардинија.
Во јужна Шпанија се очекуваат температури до 42 степени, во Грција до 38 степени, во Кипар до 41 степен, додека во Турција до 45 степени.
Пожари во Грција, Турција и Шпанија
Високите температури во Грција од понеделникот (17.07) предизвикаа пожар во селото Куварас, на 30-тина километри од Атина, а се прошири на одморалиштата во Лагониси, Анависос и Саронида, по што населението беше евакуирано.
https://twitter.com/evocentralnews/status/1680969240625696773
https://twitter.com/daphnetoli/status/1680903225099034626
Пожари има и во Шпанија, Турција и Швајцарија.
https://twitter.com/HotshotWake/status/1680330877476241409
https://twitter.com/TasilJazz/status/1680586944210776065
Нов топлотен бран во Грција
Со новиот топлотен бран се очекува попогодени да бидат западните делови од Грција, додека во источните делови, температурите ќе бидат малку пониски и поиздржливи, благодарение на сезонските ветрови над Егејското Море.
Но, од четврток и во овие делови од земјата се очекува температурите да растат.
Се очекува дека мало заладување и пад на температурите ќе има по 24-ти јули, а граѓаните и туристите се повикуваат да се придржуваат до препораките на надлежните органи.
Грчките власти во текот на изминатите денови даваа предупредувања до населението и туристите за топлотниот бран што ја зафати земјата, а сега најавуваат нови, уште повисоки температури.
Додека траат високите температури, се препорачува луѓето да престојуваат во климатизирани простории, да избегнуваат директно изложување на сонце и ако излегуваат, задолжително да носат капа и светла облека.
- Се препорачува да се избегнува сончање и долготраен престој на сонце;
- Оброците треба да бидат лесни, без масти и се препорачува внесување на повеќе овошје и зеленчук;
- Да се пие повеќе вода и течности, а да се избегнуваат алкохолни пијалаци.
Б. С. Б. | Црнобело