Пике со солзи во очите се прости од фудбалската кариера – По натпреварот ја бакнува новата девојка, фановите згрозени (видео)
- Детали
- понеделник, 07 ноември 2022
„Погледнете тој ја бакнува, а таа стои вкоченето. Тој ја сака, а таа е со него само заради парите“ – велат фановите што имаа можност да го погледнат видеото во кое Пике по последниот натпревар се бакнува со новата девојка Клара Чиа на трибините.
Во изминатиот период, шпанскиот фудбалер Жерар Пике подеднакво е актуелен како заради разделбата со долгогодишната девојка Шакира, така и заради тоа што се прости од фудбалската кариера.
Тој во саботата (05.11) го одигра последниот натпревар во дресот на ФК Барселона. Пике играше до 85-тата минута од натпреварот по што беше заменет за да добие овации и аплауз од повеќе од 90.000 навивачи на стадионот Камп Ноу.
Веднаш по крајот на натпреварот, Пике одржа говор во кој не можеше да ги скрие емоциите и солзите.
Се претпоставува дека солзите на Пике беа последица на банерот што неговите фанови го имаа поставено на стадионот во кој на симболичен начин му се заблагодарија за сѐ што направил за тимот.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, Пике беше снимен како на трибините на Камп Ноу се среќава со новата девојка Клара Чиа.
Инаку, Шакира и неговите синови Милан и Саша имаат посебна ложа каде може да ги гледаат натпреварите на Барселона, но додека е познато дека поранешната партнерка не беше присутна, за синовите сѐ уште се шпекулира.
/
Видеото во кое Пике ја бакнува новата девојка беше објавено на Твитер, а дел од фановите упатија критики за неговата врска со 12 години помладата девојка.
Според нив ужасно е што ја бакнува љубовницата во јавност ако неговите синови се присутни, а други пак го коментираат говорот на телото на Клара Чиа.
„Тој постојано ја прегрнува и ја бакнува... Таа само ги прекрстува рацете и не го допира, не го бакнува. Затоа што тој е вљубен, а не таа. Таа е со него само заради парите“ – велат твитерџиите.
Б. С. Б. | Црнобело